Поврзи се со нас

Гостивар

Д-р Муслиу: Ковид пациенти остануваат без осет за мирис со месеци, се препорачуваат витамини и спреј за нос

Објавено

на

Околу 27% од пациентите кои се заразиле со коронавирус го изгубиле чувството за мирис и вкус, покажуваат податоците од Институтот за јавно здравје. По зачестеност, овој симптом се наоѓа на четврто место, веднаш покачена температура, кашлица и малаксаност. За разлика од обичните настинки или алергии кои може да ги намалат сетилата, ковидот целосно ги блокира и обично не се јавува течење на носот.

Најголемиот дел од пациентите ќе почнат да ги чувствуваат мирисите нормално после неколку денови, но кај одреден процент се случува сетилото да остане пореметено и по неколку месеци. Поретки се случаите кај кои нема да се врати воопшто. Како ковид ги убива сетилата за мирис и вкус?

„Коронвирусот ги оштетува нервните завршетоци во нервот во носот кој е одговорен за одредување на мирисот. Поради тоа настанува таа блокада и пациентите не можат да чувствуваат мирис. Значи рецепторите се оштетуваат. Искуството со нашите пациенти кажува дека губењето на мирисот се јавува третиот или четвртиот ден од заболувањето и кај повеќето пациенти се враќа за седум до десет дена. Сепак, кај одреден број останува изгубен со месеци, а може ќе има случаи и воопшто да не се врати.“, вели д-р Насир Муслиу, оториноларинголог во гостиварската болница.

За пациентите на кои не им се вратил мирисот подолг период по оздравување од заразата, лекарите препорачуваат внес на витамин Е  и неколкунеделно користење на спреј за нос, кој ќе го одреди специјалист за уво, грло и нос. Интересно и специфично е што лекарите имаат и примери на пациенти кај кои ковид предизвикал промени во доживувањето на пријатен и непријатен мирис. Нешто што претходно им мирисало убаво, по прележување корона не можат да го поднесат.

 

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена