Поврзи се со нас

Гостивар

Една година од прв случај на корона во Гостивар, над 4.100 потврдени позитивни до сега

Објавено

на

На 19-ти март минатата година беше дијагностициран првиот пациент позитивен на коронавирус во Гостивар. Точно една година Гостивар ја живее ковид пандемијата, со сите свои предизвици, стресни промени во секојдневието, удари врз економијата, карантини…

Регионот исто како и целата земја, како и целиот свет, не беше поштеден од коронавирусот. Ланската пролет беше тешка за граѓаните со оглед на бројните ограничувања на движењето, целосно затворање за викенди и слично. Беше особено тешка за медицинските работиници, кои се соочија со нешто ново, до сега непознато, а беа и остануваат во првата борбена линија против ковид.

Ако погледнеме наназад, Гостивар доживеа два посилни корона бранови, првиот во кон крајот на јули и август и вториот во ноември и декември. Особено сериозен  беше зимскиот бран, со по 50, 60 па и до 90 новозаразени дневно, преполни болнички капацитети, преморени здравствени работници. Заради голема потреба од хоспитализација во функција за ковид пациенти се ставија и дел од интерното и нервното одделение во болницата. Бранот спласна во новата година, состојбата се смири, интензитетот на ширење на заразата значително се намали.   Таквата состојба се задржа околу два месеци, кога вирусот повторно завладеа на подрачјето. Во меѓувреме беше изградена модуларна болница, во која веќе се лекуваат пациенти.

Според последните податоци од Институтот за јавно здравје, регионот на Гостивар (општини Гостивар, Врапчиште и М.Ростуше) моментално е со 347 активно заразени со коронавирус. Од почетокот на пандемијата дијагностицирани се вкупно 4.151 позитивно лице, регистрирани се 176 починати, 3.628 се оздравени.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена