Поврзи се со нас

Деца Родители

Дали и како религијата делува врз психичкото здравје на луѓето?

Објавено

на

Психологијата на феноменот религиозност се разгледува на повеќе начини и при тоа се користи позната методологија и терминологија. Еден од начините на кој што се гледа на религиозноста е од перспектива на теологијата, а другиот начин опфаќа научно истражувачка психологија. Првиот пристап повеќе се потпира на применетата психологија, додека вториот пристап повеќе е научно и истражувачки ориентиран.

Што е религија? – Религијата е збир на верувања, однесувања, обичаи и церемонии  со помош на кој поединецот или заедницата се ставаат себеси пред Господ-Бог од кој однос религиозната личност добива низа на вредности според кои се однесува и донесува заклучоци. Религијата е културен и општествен амбиент во кој религиозните луѓе може да ја живеат својата религија.

Што е вера?- Верата  е исклучиво лично, внатрешно доживување на секој поединец со кое прифаќа постоење на одредени начела со помал или поголем степен на уверување во тие начела. Доколку верата е цврсто вкоренета во поединецот, потребни се помалку објективни докази за нејзиното докажување.

Зашто луѓето веруваат во духовното?-Во основа на верата и верувањето лежи потребата. Голем број на истражувачи на религиозноста гледаат како на егзистенцијална потреба. Вербата и верувањето во животот после смрт ја задоволува човековата потреба за иднина која на тој начин постанува извесна. Таа на човекот му дава чувство на потполност имајќи во предвид дека вклучува  и сознајна (за сегашниот живот) и емоционална ( за можниот живот после смртта) компонента на човекот. Вербата во духовното му дава на човекот сигурност  дека се што прави не е бескорисно, но вклучува и сомнеж и му помага на човекот  личното искуство да го вклопи во општо прифатените вредности во општеството и на тој начин го става човекот  во однос на духовното.

Дали сомнежот во постоење на Господ е спротивно со вербата и религијата?-Воопшто не е. Сомнежот доаѓа од неизвесноста, религиозноста е иманентна, а неизвесноста креира таква констелација на психички процеси кои на човекот само му помагаат да ја потврди вербата.

Зашто луѓето не престануваат да веруваат?-Вербата во исто време го привлекува човекот ,но и го држи на дистанца. Вербата ја задоволува човековата потреба, а сомнежот го тера да го бара одговорот. Тоа е динамички процес кој непрекинато трае и поради тоа човекот не престанува да верува.

Зошто во религијата епотребен Бог?-Бог е референтна точка во религијата .Вербата произлегува од уверувањето дека имаме однос со Бог како со личност и прифаќање на Бог како анонимно суштество кое се чувствува во светот. Бог е одговор на смислата на животот,а не објаснување.

Дали религиозноста и духовноста се синоними?-Иако луѓето често поимите духовност и религиозност ги користат како синоними помеѓу нив постои јасна разлика. Религиозноста преставува лично активно живеење на религијата како дел од верувањето (најчесто во Бог), додека духовноста преставува  дел од личното верување кое може, но и не мора да го вклучи верувањето во Бог. Духовноста во културолошката терминологија вклучува голем број на развојни и социјални влијанија и се развива под влијание на општата култура на која и припаѓа поединецот.

Како гледа психологијата на религијата,верата и верувањето? –Религијата во психологијата нема некој посебен статус. Некои интеракции на психички феномени во човекот може да се посматраат исклучиво од подрачје на религиозноста и така се доаѓа до заклучок кој не може да се пронајде на друго место. Религијата на тој начин и помага на психологијата подобро да го разбере човекот.

Кои се тие психолошки процеси кои во религијата ги проучува психологијата?- Пред се мислењето и верувањето, потоа вољата и надежта како и алтруизмот(потреба да се помата на другите),емпатијата. Исто така е важна и тераписката улога на религијата. Тргнувајќи од тоа дека внатре во личноста психичките процеси се неделиво меѓусебно преплетени и поврзани, психологијата на религијата ги проучува познатите психолошки процеси и однесувања.

Дали религијата делува на психичкото(менталното) здравје? – Да,во одредени граници. Начелно може да се каже дека религиозното размислување помага во одржување на психичката стабилност, односно кохерентност во функционирање на психичките процеси. Доколку верувањето доведе до внатрешна стабилност на поединецот како и складен однос помеѓу луѓето, религијата има големо позитивно влијание врз менталното здравје на поединецот.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена