Занимливости
Дали времето е човечка конструкција ?
Но и покрај тоа што го мериме времето најточно од се друго на Земјава, што точно претставува времето се’ уште не знаеме – вели Том О`Брајан од Националниот Институт за стандарди и технологија во Колорадо, САД, кој е официјален американски „мерач“ на времето.
Мое лично мислење – додава тој – е дека времето е човечка конструкција. Деновите, часовите, минутите и секундите се само начин човештвото да стави некаков ред во овој фасцинантен комплексен универзум што не опкружува. Можеби затоа што не го разбираме времето, постојано се трудиме да го измериме што попрецизно. Но, таквата желба да се дофати нешто толку недофатливо може во скоро време да го „расипе“ времето какво што го познаваме. Следната генерација на часовници, нема да го покажува времето како што повеќето луѓе го разбираат.
Нов часовник
Во околината на Универзитетот во Колорадо се наоѓа дури и попрецизен часовник од оној што О`Брајан го надгледува. Подрумската лабораторија во која е сместен, е вистински хаос. Кабли висат од таван и се распослани по лабораториските маси, прицврстени со спојници. Овој сноп од кабли и ласери, всушност, е часовникот. Распослан е по огромна маса, а дел од него е обвиткан со нешто што наликува на станиол.
Но, новиот часовник се соочува со голем проблем. Тоа што ние го нарекуваме време не е исто насекаде во универзумот, па дури ни на нашава планета.
Тоа е така затоа што брзината со која поминува времето зависи од јачината на гравитацијата. Ајнштајн ја открил оваа зависност како дел од неговата теорија на релативитет и тоа е многу реален ефект.
Релативната природа на времето не е нешто што се приметува само во екстремните случаи. Ако на пример, земете часовник што стоел на под и го закачите на ѕид, времето ќе се забрза за околу еден дел од 10 на шеснаеста. Ова не е само заради ефектот на гравитацијата на механизмот на часовникот. Самото време тече побрзо на ѕидот отколку на подот.
Досега овие разлики не беа многу важни. Но, новиот часовник е толку сензитивен што и вакви мали промени прават огромна разлика. Само ако го подигнете за неколку сантиметри, веднаш ќе ја забележите промената. Ова претставува проблем, бидејќи за вистински да се користи времето, требаат различни часовници за да го усогласат времето.
„Одржувањето на апсолутна временска скала на времето на Земјата може да се претвори во вистински кошмар“. Единствено решение за да се одржи ваквото мерење на времето е можеби тоа да се испратат новите часовници во вселената. Далеку од земјината површина тие би биле во состојба да останат синхронизирани и веројатно би се зачувал нашиот осет за единствено време.
Сепак, колку и да се збунувачки фактите за овие часовници, тие би можеле да се искористат и за низа други намени. Мрежа од часовници во вселената би можела да биде искористена за детекција на гравитациони бранови од црните дупки и да ги истражува ѕвездите.
За крај констатацијата за новите часовници би била :
Тие можат да го променат нашиот поглед на универзумот, а можеби нема да бидат во состојба да ни кажат колку е часот.
Во соработка со Е наука
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!
-
Македонијапред 3 месеци
Најнова одлука: Од утре промената на возачките, сообраќајните и патните листови ќе бидат без надоместок