Поврзи се со нас

Македонија

Последен ден за проверка на годишната даночна пријава од УЈП

Објавено

на

Денес (31 мај) истекува рокот за проверка на податоците од претпополнетите годишни даночни пријави, кои граѓаните ги добија по електронски пат. До крајот на денов даночните обврзници можат да ги потврдат пријавите или да вршат корекција, доколку сметаат дека внесените податоци не се точни. По истекот на рокот, пријавите ќе добијат статус на конечни даночни пријави.

Годинава, за прв пат поднесувањето на пријавите оди електронски. Евентуални корекции за податоците се вршат на следниот начин: Со логирање во системот, со сопствениот мејл и лозинка, даночниот обврзник влегува во е-пдд и во одделот преглед можат да ја види пријавата каде се внесени податоците за пресметаниот персонален данок и платениот износ. Во случај обврзникот да не се согласува со податоците, треба да кликне „корегирам“ и кога ќе се отвори полето таму да ги внесе податоците за кои мисли дека се точни.

„Граѓаните кои имаат потреба од помош при коригирањето на претпополнетите Годишни даночни пријави можат да се обратат во контакт центарот на Управата за јавни приходи на телефонските броеви 0800 33 000 (само од фиксни оператори) и 02/3253 200 (од сите оператори).“, наведуваат од УЈП

Годишната даночна пријава која граѓанинот ја коригигирал, а добила статус на конечна даночна пријава, ќе треба да биде одобрена од службено лице на Управата за јавни приходи. Доколку службеното лице не ја одобри пријавата ќе следи донесување на решение за утврдување на персоналниот данок на доход за 2018 година.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена