Гостивар
Дебата во Гостивар: Стасува ли минималецот за живот? Како компаниите да го обезбедат?

Претставници на институции, синдикатот, бизнис секторот, граѓани и невладини организации денес во Гостивар дебатираа на тема „Минималната плата во контекст на економските прилики во Гостивр“. Пред присутните беа презентирани резултатите од анкетно истражување во стотина приватни компании од регионот, кое покажало недостиг на стручна и квалификувана работна сила.
„Спроведената анализа на пазарот на трудот во Гостивар со која беа опфатени компании кои се занимаваат со производство, угостителство, туризам, проектантски бироа и слично покажа дека во сите сектори недостигаат работници, стручна и квалификувана работна сила. Над 68% од анкетираните фирми се изјаснија дека имаат потреба од работници. Ние прибираме податоци соагласно ваквите истражувања и развиваме стратегии кои во идниот период може да ни помогнат да создаваме нови вештини за младите лица и кадри кои му се потребни на бизнис секторот. Истражувањето исто така, покажа дека компаниите сметаат дека се потребни грантови за нови вработувања, кои особено ќе бидат насочени кон младите лица“, рече Дашмир Османи од канцеларијата за локален економски развој на Општина Гостивар.
Дискусијата ја организираше Асоцијацијата за демократски иницијативи АДИ.
„На едно место ги донесовме работодавачите, синдикатите, општината и граѓански сектор, со цел да се отвори дијалог меѓу овие страни: како покачувањето на минималната плата влијае врз работодавачите, како влијае врз животниот стандард на работниците. Ова е добра можност исто така, да се слушнат проблемите на работодавачите, знаеме дека Гостивар е една сива зона на економијата и со ова се воспоставува некоја си минимална заштита на правата на работниците.“, истакна Лулзим Хазири, извршен директор на АДИ.
Едно семејство со две минимални плати не може да ја подмири минималната потрошувачка кошничка, беше истакнато меѓу другото на настанот.
Пред присутните свои обраќања имаа Новица Алексиевски од ССМ, Гоце Димовски-експерт за инвестиции и економски развој, како и претставници на деловниот сектор.
„Порастот на минималната плата вообичаено придонесува за пораст на куповната моќ кај граѓаните. Меѓутоа кај нас куповната моќ со минималната плата е најниска споредбено со сите земји во регионот.“, рече Димовски.
Дебатата се реализираше во соработка со Младински Културен Центар – Битола во рамки на проектот “Унапредување на социјалниот дијалог во заедницата” со поддршка на Меѓународниот центар Олоф Палме од Шведска.
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Гостиварпред 1 месец
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022