Гостивар
Полицијата во Гостивар пиша 20 казни на возачи на мотори

Полициски службеници на СВР Тетово денеска (23 јуни) од 12 до 18 часот, спроведоа контролни активности во чие средиште беа прекршоците што ги чинат мотоциклисти, а во рамките на кои се откриени и законски санкционирани вкупно 67 прекршоци, од кои 47 во Тетово и 20 во Гостивар.
Најголемиот број од прекршоците се однесувале на некористење на заштитна кацига и на управување без возачка дозвола. При контролата, исто така, санкционирани се и 16 други видови сообраќајни прекршоци.
„На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци, додека оние без возачки дозволи веднаш се исклучени од сообраќај. Ваквите контроли засилено ќе продолжат и во наредниот период. СВР Тетово апелира до мотоциклистите задолжително да ја користат пропишаната заштитна опрема, со напомена дека паричната глоба за некористење кациги изнесува 50 евра во денарска противредност. Се апелира, исто така, да не се управува мотоцикл без положен возачки испит и валидна дозвола, а законски предвидената глоба за овој прекршок изнесува 250 евра и исто толку за сопстевниците на мотоциклите кои им ги дале на управување, иако знаеле дека немаат дозволи.“, информира СВР.
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Гостиварпред 1 месец
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022