Поврзи се со нас

Македонија

Ден на органодарителството, за три години 67 лица добиле шанса за нов живот

Објавено

на

Во рамки на одбележувањето на Европскиот ден на органодарителството, 7 октомври, денеска во „Европска куќа“ во Скопје беше означен почетокот на проектот „Поддршка на системот на трансплантација“, финансиран од Европската Унија.

Преку симболично засадување на младо растение како синоним за нов живот кој треба да се негува, присутните оддадоа почит, како што беше кажано, на сите 19 донори и на нивните семејства, благодарение на кои во последниве три години, 67 лица добија орган и шанса за нов живот.

Педесет и седумгодишниот Иван Огњановски е еден од тие 67 лица. Во мај 2020 година му било трансплантирано срце од починат донор. Тој е првиот пациент во земјава кај кого беше направена трансплантација на срце.

„Треба да сме свесни дека понекогаш некој крај значи и нов почеток. Нов живот. За нас како пациенти тоа е нов почеток, за семејствата е можеби утеха дека дел од нивните најблиски продолжува да живее. За сите останати е надеж и верба во добрина во ова малку тешко време кое го живееме. Денес, три години по трансплантацијата, семејството на дарителот е мое ново семејство. Постојано имам покани за дружби во Дојран. Тоа за мене значи и нов живот и нови пријатели. Тешко е на тие средби кога се навраќаат и на најблиските кои не се веќе живи, ама во исто време, зборуваме и за она што значи иднина“, посочи Огњановски.

Дарко Голубовски, пациент кај кого била направена трансплантација на срце, се заблагодари на сите што му дариле, како што рече, нов живот.

„Среќен сум со новото срце. Го дочекав. И се заблагодарувам на фамилијата. Благодарен сум на сите, ми дарија нов живот. Тоа е за мене благослов. Моето срце го изгубив, ама ова ќе го чувам. Верував кога ми викаа дека ќе ми биде подобро“, откри Голубовски.

Процесот на трансплантација од починат донор во Северна Македонија започна во 2015 година по донесените законски измени кои ја дефинираат оваа материја. Најголем напредок е направен во 2020 година со започнување на мултиорганската трансплантација, или трансплантацијата на повеќе органи од еден донор. Таа година е направена и првата трансплантација на срце, следната се направени првите трансплантации од коскени ткива, а минатата 2022 година за првпат е направена трансплантација на црн дроб. За период од три години, 19 семејства дале согласност за донирање и трансплантирани се 67 органи и тоа 34 бубрези, три црни дроба, девет срца и 20 коскени ткива.

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 2 часа

Љупчо Палевски Палчо спроведен во Истражниот затвор во Шутка

Занимливостипред 4 часа

Како да ја одберете вистинската книга за читање?

Вестипред 7 часа

Словачкиот премиер Фицо во животозагрозувачка состојба откако беше пукано во него

Македонијапред 8 часа

Велковски: Сeкое дете ќе добие Европска детска гаранција

Македонијапред 8 часа

Самит Македонија 2025: Дијаспората подава рака, неопходно е искоренување на корупцијата и стабилни институции

Македонијапред 10 часа

Жителите на Македонија внесуваат 2,4 пати повеќе сол од препорачаното

Македонијапред 10 часа

Средба Азески-Бехтел и Енка: Максимално вклучување на домашните компании во изградбата на коридорите 8 и 10д

Гостиварпред 11 часа

Неовластено снимен разговор со гостиварец завршил на социјални мрежи

Деца Родителипред 14 часа

Семејство-најмалиот, а најважен градежен блок во општеството!

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена