Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

  • Дата: 27/12/2018

Деноноќно предновогодишно журкање во Гостивар (со задолжителни фотографии на Инстаграм и Фејсбук)

Овој период од годинава слободно може да се нарече „сезона на журкање“. Кафеаните, пицериите, рестораните, кафулињата низ Гостивар и околината се полни со гости, како преку ден, така и во вечерните часови. Угостителите ги збогатуваат своите понуди со цел да привлечат што поголем број гости, нудат празнично мени, ангажираат музичари за свирка во „живо“. Уморни од секојдневните обврски, поголем дел од граѓаните сакаат да ја заокружат годината со забава и дружење, да се опуштат и да заборават на грижите.

Се создаде традиција вработените во фирми, организации, институции да се соберат на предновогодишно дружење. Освен забавите „од работа“, последните години дружби си организираат цели соседства, или другари и другарки од детството, па бивши колеги итн. Освен тоа, овој период од годината доаѓаат и роднините од странските држави, што е уште еден повод за уште една заедничка забава.

Предновогодишните журки удираат по џебот на граѓаните, но во име на забавата, сите се подготвени да го издржат „ударот“. Нема штедење. Особено кај припадничките на женскиот пол кои се подновуваат со ново парче облека, прават фризури и професионална шминка. Целта не е само да се биде убав на самата забава, туку и на сликите со кои фејсбук и инстаграм се преплавени деновиве. Овој помалку нејасен феномен, зазема се поголем замав, ако забавата не е овековечена (повеќе пати) и фотогорафиите не се објавени на скоро сите социјални мрежи (исто така повеќе пати) најверојатно не се важи уживањето. Со се јадење и пиење, лесно може да се потрошат и по неколку илјади денари за само една вечер.

До дочекот на Новата година останува уште малку време, кое според искуствата од претходно гостиварци максимално ќе го посветат на добра забава и создавање на убави спомени, за повеќе оптимизам и среќа во 2019-та.

Оставете коментар

Вашата Емаил адреса нема да биде објавена.Задолжителните полиња се означени *

*