Магазин
Децата кои живеат во село се поздрави – ништо без бактерии, не претерувајте со чистење
Нема да биде чудно ако после неколку децении низ аптеките се продаваат апчиња со бактерии од природата. Медицинските сознанија потврдија дека човековиот организам поретко заболува , а имунитетот е појак во услови на што поприродна средина, кадешто нема толку асфалт и градби, туку прашина, трева, домашни животни…Погодувате, луѓето кои живеат на село се многу поздрави од оние кои живеат во градовите.
Научниците од Универзитетот во Колорадо утврдиле дека на нашиот имунолошки систем му се потребни различни бактерии за да се развие подобро. Особено во првите години од животот. Без соочување со бактериите, имунолошкиот систем станува пречувствителен и бурно ќе реагира на она со кое ќе дојде во допир, како на пример прашина или полен.
Истражувањата покажале дека растењето во село, каде има домашни животни резултира со помалку автоимуни болести. Од друга страна, животот во урбаните средини го зголемува ризикот од алергии, астма и сл.
Исто така, растењето во стерилна средина води кон поголеми можности за развивање психолошки проблеми, како депресија, стрес, трауми.
„Проблемот е што постои дисбаланс на микроорганизмите од нашето еволутивно минато и овие од нашата сегашност. Ситуацијата е алармантна, ако се знае дека до 2050 година, две третини од луѓето на земјата ќе живеат во градовите“, нагласуваат стручњаците.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ