Поврзи се со нас

Македонија

Џафери ја заврши седницата, констатира дека на Владата не и‘ е изгласана недоверба

Објавено

на

Претседателот на Собранието, Талат Џафери ја затвори седницата на којашто требаше да се гласа за доверба на Владата, со констатација дека не е изгласана недоверба и Владата продолжува со работа.

„Имајќи во предвид дека тие немале кворум за целта за која што беше поднесено ова прашање дневниот ред не е изгласан поради тоа што не е отворен дневниот ред не може да се отвора дебата за гласање на недоверба на Владата. Констатираме дека на Владата не и изгласана недоверба и врз основа на ова Владата продолжува со полниот состав и со должностите коишто ги има. Констатирам дека предвидената материја за оваа седница е исцрпена и ја заклучувам оваа седница и констатирам дека седницата е завршена. На Владата и посакув ам успех во наредните денови коишто ги има извршната власт“, изјави Џафери.

Претходно потпретседателот на Собранието, Фадил Зендели, ја прекина седницата за гласање доверба на Владата, поради немање кворум и неможност да се утврди дневниот ред.

На почетокот на седницата, денеска претпладне, присуствуваа 61 пратеник, но претседателот на Собранието Талат Џафери ја напушти седницата бидејќи, како што рече, не ја поддржува иницијативата и го повика потпретседателот на Собранието Фадил Зендели да ја води седницата. При пребројувањето беше констатирано дека на седницата присуствуваа 60 пратеници. Пратениците од владејачките партии СДСМ и ДУИ не присуствуваа во салата, а без нив и без Кастриот Реџепи од Беса кој најави дека нема да учествува на собраниската седница, опозициските пратеници заедно со уште двајцата пратеници од Беса се 60.

Според членот 95 од парламентарниот Деловник, Собранието може да одлучува ако на седницата присуствува мнозинство од вкупниот број пратеници, односно 61.

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена

Вести

Xhaferi e mbaroi seancën, konstaton se Qeverisë nuk i është votuar mosbesim

Објавено

на

Kryetari i Kuvendit, Talat Xhaferi e mbylli seancën në të cilën duhej të votohet për besim të Qeverisë, me konstatim se nuk është votuar mosbesim dhe Qeveria vazhdon me punë.

“Duke marrë parasysh se ato nuk kanë pasur shumicë të mjaftueshme për qëllimin për të cilin ishte e parashtruar kjo pyetje rendi ditor nuk është votuar për shkak se nuk është hapur rendi ditor nuk mund të hapet debat për votim të mosbesimit të Qeverisë. Konstatoj ë se Qeverisë nuk i është votuar mosbesim dhe në bazë të kësaj Qeveria vazhdon me përbërjen e plotë dhe me detyrimet të cilat i ka. Konstatoj se materia e parashikuar për këtë seancë është e konsumuar dhe e mbyll këtë seancë dhe konstatoj se seanca është e përfunduar. Qeverisë i dëshiroj sukses në ditët në vazhdim që i ka qeveria ekzekutive”, deklaroi Xhaferi.

Paraprakisht nënkryetari i Kuvendit , Fadil Zendeli, e ndërpreu seancën për votim të besimit të Qeverisë, për shkak të mos pasjes së shumicës së mjaftueshme dhe pamundësi të përcaktohet rendi ditor.

Në fillimin e seancës, sot pasdite, morrën pjesë 61 deputet, por kryetari i Kuvendit Talat Xhaferi e braktisi seancën pasi që, siç tha, nuk e mbështet iniciativën dhe e thirri nënkryetarin e Kuvendit Fadil Zendeli t’a udhëheq seancën. Gjatë numërimit ishte e konstatuar se në seancë merrnin pjesë 60 deputetë. Deputetët e partive qeveritare LSDM dhe BDI nuk morrën pjesë në sallë, e pa to dhe pa Kastriot Rexhepi nga Besa i cili njoftoi se nuk d të merr pjesë në seancën e kuvendit, deputetët opozitar së bashku me dy deputetët e Besës janë 60.

Sipas nenit 95 nga Rregullorja parlamentare, Kuvendi mund të vendos nëse në seancën ishin të pranishëm shumica nga numri i përgjithshëm i deputetëve, gjegjësisht 61.

Сподели ја веста:

Популарно изминативе 100 дена