Гостивар
Џеват Фејзули стана член на Советот на Гостивар: Моќен глас за правата на лицата со посебни потреби

Советот на Општина Гостивар доби нов член. На денешната седница беше верификуван мандатот на Џеват Фејзули, кој е претседател на здружението на слепи и лица со оштетен вид „Реалност“ од Гостивар.
„Денеска сум посебно среќен, посреќен и од дента кога го зедов мандатот за градоначалник, бидејќи во нашата екипа се вклучува уште еден чесен и добар човек како што е Џеват Фејзули, кој успешно раководи со здружението за слепи и лица со оштетен вид Реалност. Од денес тој е еден од советниците на Општина Гостивар и е првиот човек кој ќе дискутира и инсистира за подобро утре на луѓето кои имаат посебни потреби. Се надевам дека заедно со него и другите советници ќе успееме повеќето од нештата што ги ветивме во кампањата до 2025 да ги реализираме. Би сакал да и‘ се заблагодарам на советничката Беса Мухареми која беше втора на листа, а се повлече со услов Џеват да дојде во Советот. Кога една жена се повлекува од Совет правилата се дека треба да ја замени исто така, жена, но потоа сите други жени од листата на Алијанса за Албанците без збор се повлекоа, за местото да му припадне на Џеват. Јавно им се заблагодарувам на сите нив, а на Џеват му посакувам успешна работа“, истакна градоначалникот Арбен Таравари.
Новиот советник Фејзули нагласи дека останатите општини треба да земат пример за инклузивност од Гостивар.
„Се радувам што имам можност преку Советот на Општина Гостивар да се залагам за правата и потребите на лицата со посебни потреби, да ги имаат неопходните услови за нормално функционирање и инклузивност. Општина Гостивар и градоначалникот до сега направија многу во таа насока, но секогаш може да се направи повеќе. Сметам дека останатите општини и институции треба да земат пример од Гостивар, како се работи за доброто на лицата со посебни потреби“, рече новиот советник.
Претседателот на Советот, Валбон Лимани најави дека општинската сала кадешто се одржуваат седниците ќе се поднови и адаптира соодветно за лица со попречености.
„Чест ни е што го имаме Џеват како член на Советот, ќе се трудиме максимално да ги исполниме условите што му се потребни за работа. Во план е проект за реновирање на салата со кој просторијата ќе се адаптира не само за Џеват, туку и за сите лица со посебни потреби, а материјалите за седниците ќе се преведуваат на Брајово писмо.“, кажа Лимани.
Фејзули беше топло пречекан со големо добредојде од сите советници на гостиварскиот Совет.
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Гостиварпред 1 месец
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022