Поврзи се со нас

ИЗБОРИ 2024

ДИК усвои Упатство на двојните избори на 8 мај на гласачките места да се оди еднаш

Објавено

на

Државната изборна комисија (ДИК) денеска со четири гласа „за“ и два „против“ усвои Упатство за начинот на утврдување на идентитетот на гласачот, со коешто се утврдува дека само еднаш ќе може да се оди на избирачките места за гласање на двојните избори на 8 мај – парламентарните и вториот круг од претседателските избори.

Упатството на предлог на тројца членови на ДИК го образложи Борис Кондарко кој посочи дека тоа ќе важи само во случаи кога има спроведување на два или повеќе различни видови избори и референдум во исти ден.

  • Со ова упатство се предлага откако ќе го остварат своето избирачко право и откако по сопствен избор ќе гласаат или само за претседателски или само за парламентарни избори граѓаните потоа нема да можат повторно во текот на денот да дојдат на избирачкото место и да гласаат за оној вид на избори за кои не гласале и за кои претходно не го искористиле даденото право за избор. Со ова предлог упатство избирачкиот одбор задолжително ќе ги прашува граѓаните за кој вид на избори сакаат да гласаат, а граѓаните имаат право да изберат и да се изјаснат за кој вид на избори ќе гласаат и тоа само за претседателски избори, само за парламентарни избори или и за претседателски и за претседателски избори, рече Кондарко.

Со ваквото решение Кондарко рече дека би се оневозможиле гужви и чекање на ред за гласање пред гласачките места што би било случај доколку граѓаните доаѓаат по два пати во текот на денот да гласаат.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена