Поврзи се со нас

Гостивар

До 6,5 милиони денари помош за фармери, пријавување до крај на месецов

Објавено

на

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој информира дека фармерите кои во период од септември до декември 2020 година набавиле педигрирани кози и овци ќе може да аплицираат за добивање на финансиска поддршка за набавениот добиток.

Станува збор за Мерката 121 „Инвестиции за модернизација на земјоделските стопанства“ а корисници на оваа мерка можат да бидат сите кои набавиле стока од признати организации согласно Законот за сточарство и имаат земјоделски стопанства запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства (ЕРЗС) во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, согласно Закон за земјоделство и рурален развој.

„Максималната финансиска поддршка за оваа мерка е до 6.500.000 денари прифатливи трошоци по поединечен корисник. Поддршка се исплаќа по принцип на ко-финансирање на завршени и исплатени инвестиции од страна на корисникот во висина од 50% од вредноста на одобрените прифатливи трошоци за инвестиции.“ – информира директорот Никица Бачовски.

Ставката за ко-финансирање се зголемува во случаите кога:

-се работи за инвестиции на земјоделско стопанство чиј носител е млад земјоделец до 55%
-за инвестиции во подрачја со ограничени можности на земјоделско производство до 60%
-за инвестиции во подрачја со ограничени можности на земјоделско производство кога носителот на инвестицијата е млад земјоделец 65%
-за инвестиции во недостапни рурални заедници 75%.

Барањата се поднесуваат електронски со регистрација на e-baranje.ipardpa.gov.mk. Крајниот рок за доставување на барање за финансиска поддршка е 28 февруари 2021 година.

 

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена