Поврзи се со нас

Гостивар

До сега микрочипирани се над 72.300 миленици-стартува кампања за одговорно сопствеништво

Објавено

на

Агенцијата за храна и ветеринарство започна кампања за одговорно сопствеништво, којашто се спроведува во рамки на ИПА проектот „Подобрена имплементација на законодавството во делот на здравјето на животните, безбедноста на храната и фитосанитарната област и соодветните информациски системи”. Во оваа кампања, акцентот на предвидените активности, работилници и едукативни настани со деца, е ставен на потребата од стерилизација и микрочипирање на милениците како едни од основните мерки за намалување на популацијата бездомни животни.

„Уште еднаш сакаме да укажеме на обврската за одговорно сопствеништво. Потсетуваме и апелираме сопствениците до крајот на годинава да ја искористат можноста за бесплатно микрочипирање на милениците. Рокот трае до 31 декември“, вели директорот на АХВ, Зоран Атанасов.
Според евиденцијата на АХВ, во земјава досега со микрочип се идентификувани вкупно 72.311 миленици, од кои најмногу кучиња.

Здравствената заштита на животните и нивната благосостојба се на најнвиоско ниво во ЕУ, а надлежните се обидуваат тоа да го пренесат и кај земјите аспиранти за членство. Како што истакнува проектниот менаџер Костас Супилас, се применуваат и правила за здравје на растенијата кои, исто така, треба да станат пракса во потенцијалните членки на Унијата. Затоа се и ИПА проектите, како вид поддршка во оваа насока.

„Лани беше забележан голем напредок во хармонизацијата на законодавството во вашата земја, но и натаму има области кои треба да се подобрат, а тоа се безбедноста на храната, благосостојбата на животните, контролата на штетни организми и употребата на пестициди. Овие прашања ќе се земат предвид во овој проект“, напоменува Супилас.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена