Поврзи се со нас

Гостивар

Донации во кревети, УВ стерилизатор, ќебиња и постелнина за болницата во Гостивар

Објавено

на

Пандемијата со Ковид 19 ги поттикнува компаниите и организациите да се вклучат во борбата против вирусот преку најразлични хуманитарни активности. Изминатиот период општата болница „Д-р Ферид Мурад“ доби голем број на донации во средства за дезинфекција, заштитна опрема и друго, а денешниот ден ќе се памети по три донации од различни донатори, кои решија да ја помогнат и поддржат установата.

Болницата доби 10 современи болнички кревети, УВ стерилизатор, како и ќебиња и комплет постелнини.

„Денес беше ден на донации за нашата болница. Фирмата „Магам инг“ донираше 10 најсовремени кревети за болницата и 950 хидро дезинфекциони средства. Хуманитарната организација „Дора“ во соработка со фирмата „Кипер“ донираше 300 парчиња ќебиња и комплет постелнини, додека Меѓународниот центар за мир и толеранција со посредство на професорот Фадил Зендели донираше стерилизатор кој работи со УВ зраци, врши стерилизација на сите вируси и бактерии и има капацитет од 65 квадратни метри за 15 минути. Нашите согледувања кажуваат дека стерилизира и коронавирус.“, информираше директорот на болницата Јакуп Јакупи, кој додаде дека донациите се добредојдени и веќе се ставаат на располагање на службите и пациентите.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена