Поврзи се со нас

Гостивар

ФК Врапчиште: Се заблагодаруваме на сите кои го помогнаа детското катче во Врапчиште

Објавено

на

Пред некое време во Врапчиште беше пуштено во употреба ново детско катче, со нови реквизити наменето за дечињата од ова место.

Катчето е изградено со финансиски средства собрани од локалните жителите на Врапчиште, а местото е овозможено од верската заедница „Eski cami“ која ќе продолжи да стопанисува и грижи за истото.

Фудбалскиот клуб од ова место, Врапчиште 1958 го понесе најголемиот товар во реализацијата на овој проект, но како велат големо е задоволството кога се прави нешто за родното место.

„Сакаме јавно да им се заблагодариме на сите кои го помогнаа и поддржаа овој проект. Детското игралиште беше реална потреба во ова место, иако ни беше многупати ветувано, на крај го изградивме самите со заеднички сили на жителите на Врапчиште, верската заедница и ние како фудблски клуб кои се нафативме да го проектираме, организиаме и изведеме игралиштето, поради што задоволството на крај е многу поголемо. Како и до сега, така и за овој проект деновиве транспарентно ќе го споделиме извештајот за сработениот проект. Уште еднаш изразуваме искрена благодарност за сите кои го овозможија ова детско катче”, велат од ФК Врапчиште 1958.

Од ФК Врапчиште, уште упатуваат апел, најсериозно да се свати опасноста од коронавирусот која го погоди целиот свет и максимално да се почитуваат препораките на здравствените институции, како при секојдневните активности така и при посета на детското катче во Врапчиште.

 

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена