Поврзи се со нас

Гостивар

Државата дава под закуп земјоделско земјиште, опфатен и регион на Гостивар

Објавено

на

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) соопшти дека се распишани четири јавни повици за давање под закуп земјоделско земјиште до три хектари во 34 региони во 878 катастерски општини.

Намената и времетраењето на закупот за кое се издава земјоделското земјиште во државна сопственост се: подигање долгогодишни насади (лозја, овоштарници, хмељ) и оранжерии, за период до 30 години, подигање долгогодишни насади со лешник за период до 70 години, подигање маслинарници за период до 50 години, одгледување други земјоделски култури и за поставување пчелни семејства за период до 15 години, ливади за период до 15 години, за одгледување брзорастечки дрвја на земјоделско земјиште на над 700 метри надморска висина за периодот до 30 години и рибници до 20 години.

Според МЗШВ, преку четирите повици се опфаќа земјоделското земјиште во сите села низ државата, односно опфатени се површини вон градско подрачје. Право на учество имаат домашни физички и правни лица и странски правни лица, а рокот за поднесување апликации е 30 дена од денот на распишувањето на јавните повици.

Јавниот повик бр.01/23 опфаќа 11 региони (Гостивар, Тетово, Кичево, Дебар, Струга, Охрид, Ресен, Демир Хисар, Свети Николе, Кисела Вода и Чаир), со објавени 246 катастерски општини. Кај вториот Јавен повик бр.02/23 опфатени се 10 региони (Берово, Пехчево, Битола, Македонски Брод, Валандово, Виница, Гевгелија, Прилеп, Штип и Велес), со објавени 206 катастерски општини. Јавениот повик бр.03/23 опфаќа 13 региони (Делчево, Кочани, Крива Паланка, Куманово, Крушево, Кратово, Кавадарци, Росоман, Неготино, Струмица, Пробиштип, Радовиш и Гази Баба), со објавени 344 катастерски општини. Кај четвртиот Јавен повик бр.04/23 опфатени се 7 региони (Кавадарци, Росоман, Неготино, Валандово, Делчево, Виница и Гевгелија), со објавени 82 катастерски општини. Овој јавен повик се однесува за доделување на земјоделско земјиште на кое веќе има подигнато долгогодишен насад и на кое можат да аплицираат сопствениците на тој насад со цел да го регулираат правото на користење на тоа земјиште.

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 45 минути

Тмурен, дождлив и ветровит четврток

Вестипред 2 часа

Астрономски календар, го трошиме 137-иот ден од годината…

Македонијапред 12 часа

Љупчо Палевски Палчо спроведен во Истражниот затвор во Шутка

Занимливостипред 15 часа

Како да ја одберете вистинската книга за читање?

Вестипред 17 часа

Словачкиот премиер Фицо во животозагрозувачка состојба откако беше пукано во него

Македонијапред 18 часа

Велковски: Сeкое дете ќе добие Европска детска гаранција

Македонијапред 18 часа

Самит Македонија 2025: Дијаспората подава рака, неопходно е искоренување на корупцијата и стабилни институции

Македонијапред 20 часа

Жителите на Македонија внесуваат 2,4 пати повеќе сол од препорачаното

Македонијапред 21 час

Средба Азески-Бехтел и Енка: Максимално вклучување на домашните компании во изградбата на коридорите 8 и 10д

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена