Поврзи се со нас

Гостивар

Контрола во Гостивар и Тетово: Казни од 45 до 250 евра поради непочитување првенство на минување

Објавено

на

Во рамките на планираните активности на СВР Тетово за поголем ред и безбедност во сообраќајот вчера (10 јануари)  од 8 до 14 часот спроведена е акциска контрола за првенство на минување, во која вкупно се откриени и санкционирани 11 прекршоци (Тетово-2 и Гостивар-9). Најголемиот број од прекршоците се однесувале на непочитување сообраќајни знаци за првенство и на непропуштање на возило од десна страна, извести полицијата.

На прекршителите изготвени им се законски предвидените поднесоци и ќе се соочат со парични глоби кои се движат од 45 до 250 евра во денарска противвредност. При контролата, исто така, биле санкционирани и 15 други видови сообраќајни прекршоци.

Секторот за внатрешни работи Тетово уште еднаш со апел до возачите целосно да ги почитуваат сите сообраќајни правила и прописи и посебно да ја прилагодат брзината според условите на патот. Зашто, ниските температури навечер и наутро причинуваат голомразица на одредени места и коловозите се лизгави, а со самото тоа и ризични по нивната и безбедноста на другите учесници во сообраќајот. Ова, посебно се однесува на оние возачи кои патуваат кон Попова Шапка, Стража, Маврово или во Долнореканскиот регион. Се апелира, исто така, задолжително да се носи зимска опрема ако се патува на овие дестинации и редовно да се проверува техничката исправност на возилата.

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена