Поврзи се со нас

Македонија

Државните функционери да престанат да ги напаѓаат новинарите, реакција на ЗНМ и СЕММ

Објавено

на

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) најостро го осудуваат односот на министерот за економија Крешник Бектеши. Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) најостро го осудуваат односот на министерот за економија Крешник Бектеши кој според информациите во медиумите, денеска за време прес конференција на недоличен, дрзок и неприфатлив начин коментира дека новинарката од Канал 5 телевизија Катерина Капкоска поставува прашања во име на другите колеги новинари, наместо да одговори на конкретно прашање од јавен интерес. Имено, станува збор за прашање поврзано со порастот на цената на природниот гас, поставено од страна на колешката за време на прес во Владата на РСМ, на чија покана медиумите одговориле со своето присуство, Бектеши наместо соодветен одговор на прашање, на Капкоска и било одговорено на следниот начин: „ДОБРА СОРАБОТКА НЕВЕРОВАТНО ИМАТЕ СО КОЛЕГИТЕ , ЗНАЧИ ВИ ГИ ДАВААТ НИВНИТЕ ПРАШАЊА ШТО САКААТ ДА ГИ ПОСТАВАТ….НО НЕМА ПРОБЛЕМ… На истиот настан, новинарот Огнен Чанчаревиќ го осудува директно однесувањето на министерот Бектеши, на што добива одговор од него дека новинарите се тука за да поставуваат прашања, а не да даваат коментари, се наведува во соопштението.

ЗНМ и СЕММ потсетуваат дека не станува збор за изолиран случај, туку за негативен тренд на однесување кон новинари што бележи пораст. Токму затоа, ЗНМ ќе ги извести партнерските организации, вклучувајќи ги и ОБСЕ, Европската Федерација на новинари – ЕФН и Советот на Европа.

-Државните функционери, се во служба на јавноста и не смее да постои ваков начин на комуникација, кој е крајно несоодветен, непримерен, дрзок и навредлив кон новинарите, а со тоа и кон целата јавност на која треба да и бидат пренесени информациите. Несоодветното однесување со новинарите, кои играат важна улога во информирањето на јавноста, може да ја поткопа довербата во носителот на јавната функција, како и во институцијата што ја претставуваат. Ова може негативно да влијае на угледот и на поединецот и на организацијата, што потенцијално ќе доведе до последици како што се губење на довербата на јавноста, намалена јавна поддршка, па дури и формални санкции. Затоа е важно тие да се однесуваат на начин кој е со почит и професионален однос кон новинарите, дури и во предизвикувачки ситуации, се посочува во соопштението.

ЗНМ и СЕММ наведуваат дека ова е четврти негативен испад на политичар кон новинари во изминатиот период, а првите три беа на Димитар Ковачевски, Али Ахмети и вчерашниот случај во МОН, со советникот на министерот Јетон Шаќири.

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 6 дена

Комуналец Гостивар по прекинот во водоснабдувањето: Водата од градскиот водовод да не се пие

Гостиварпред 3 недели

ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар

Вестипред 3 дена

Вo Здравствен дом Ростуше дијагностика и интервенции со современа апаратура за пациентите од цел регион

Гостиварпред 3 недели

Гостивар е се‘ уште без вода, се комплицирала работата на терен, екипи санираат дефект

Гостиварпред 3 недели

Утре во Гостивар ќе нема вода повеќе часови

Гостиварпред 4 недели

45 семејства во Гостивар конечно добија клучеви од социјалните станови

Гостиварпред 1 недела

Во понеделник дел од Гостивар 5 часа без струја, ќе биде исклучено и училиште

Гостиварпред 2 недели

Автопатот Тетово-Гостивар ќе почне да се гради на 22 април, ќе чини 125 милиони евра според првична пресметка

Македонијапред 3 недели

Пред општинската зграда во Ростуше покрај македонското поставено и турското знаме

Популарно изминативе 100 дена