Поврзи се со нас

Гостивар

ДУИ Гостивар: Концесијата за отпадот е доказ за неспособноста на „Комуналец“ , катните гаражи политичка манипулација

Објавено

на

„На последната седница на Советот на Општина Гостивар беше донесена одлука за давање под концесија на собирањето и транспорт на отпадот. Тоа ја докажува неспособноста на јавното претпријатие, кое во текот на овие три години оствари стотици вработувања и не успеа да изврши една од основните функции за кои е основано. Јасно е дека се подготвува криминална шема за рекетирање граѓани. Тие ќе изберат омилена компанија и граѓаните ќе бидат обврзани да ги плаќаат сметките.“, истакна на денешната прес конференција на гостиварскиот огранок на ДУИ, членот советник од оваа партија, Газменд Мемеди.

Во низата критики што ги упати за одлуките од последната седница на Советот, беше и давањето согласност за катни гаражи.

„Советот на општината го одобри Деталниот урбанистички план за предвидените катни гаражи, со скоро четри години доцнење, иако во Генералниот урбанистички план катните гаражи се предвидени на три локации. Јасно е дека овој чекор на градоначалникот е политичка манипулација пред локалните избори. Градоначалникот не успеа да ги исполни предизборните ветувања за катни гаражи во овие четири години и сега прави политичка манипулација пред локалните избори. Жално за него, затоа што нема да има време да ги реализира. Не ги реализираше за четири години, нема да може ниту последните четири месеци“, рече Мемеди.

Локалната опозиција ја критикуваше и завршната сметка за 2020-та година, која исто така беше усвоена од советничкото мнозинство.

Градоначалникот вели дека реализирал 98% од буџетот, а само лани потрошил 391 илјада евра за вработување на партиски милитанти, кои земаат плати и остануваат дома. Потрошил над 6 илјади и 300 евра за телефонски услуги, иако беше кажано дека трошоците за оваа позиција се нула. Потрошил над 100 илјади евра за субвенционирање на јавните претпријатија, злоупотребени средства за партиски активисти кои примаат плати и седат дома и на крајот на месецот ги делат платите со директорите, и потоа за приватни цели, едниот во Казино, другиот за ручеци и вечери, третиот за чанти и трансфери на пари на банкарски сметки.  Градоначалникот вели дека реализирал 98% од буџетот трошејќи над 700 и 70 илјади евра за изградба на патишта и улички. Кога сме кај улиците и сокаците, на завршната сметка се евидентирани над 320 илјади евра потрошени на конкретни проекти, но за 450 илјади евра не се дадени податоци за тоа каде биле потрошени. Градоначалникот вели дека реализирал 98% од буџетот трошејќи над 53 илјади евра за настани и изградба на културни објекти. Не видовме ниту нови активности, ниту културни објекти. Завршната сметка на градоначалникот пред граѓаните не завршува со завршната сметка на буџетот. Бидејќи злоупотребил народни пари, ја злоупотребил и довербата на граѓаните. Сметката не завршува во Советот на општината, туку на изборите во октомври, каде граѓаните ќе го кажат своето мислење.“, потенцира Мемеди.

Од Општина Гостивар остануваат на ставот дека нема да ги коментираат прес конференциите на ДУИ и дека граѓаните ќе го кажат своето на локалните избори.

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Вестипред 10 минути

Словачкиот премиер Фицо во животозагрозувачка состојба откако беше пукано во него

Македонијапред 55 минути

Велковски: Сeкое дете ќе добие Европска детска гаранција

Македонијапред 1 час

Самит Македонија 2025: Дијаспората подава рака, неопходно е искоренување на корупцијата и стабилни институции

Македонијапред 3 часа

Жителите на Македонија внесуваат 2,4 пати повеќе сол од препорачаното

Македонијапред 4 часа

Средба Азески-Бехтел и Енка: Максимално вклучување на домашните компании во изградбата на коридорите 8 и 10д

Гостиварпред 4 часа

Неовластено снимен разговор со гостиварец завршил на социјални мрежи

Деца Родителипред 8 часа

Семејство-најмалиот, а најважен градежен блок во општеството!

Македонијапред 9 часа

Православен празник во слава на Св.Атанасиј Велики

Гостиварпред 20 часа

Ново раководство на Клубот на млади на Црвен Крст-Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена