Македонија
Дури 70.000 луѓе стравуваат за работните места заради новиот закон за игри на среќа
Објавено
пред 1 месецна

Добро регулираниот пазар на игри на среќа носи прилив од 280 милиони евра во државната каса, овозможува 10.000 работни места, односно 70.000 индиректно вработени, а било какви лоши законски решенија значат само едно – гасење на индустријата која придонесува кон економската стабилност на државата дури и во време на најголема криза, а цветање на црниот пазар, сивата економија, одлив на стотина милиони евра од земјата на странски сајтови за обложување, неможност за заштита на играчите и чувствителните групи како што се малолетниците на кои илегалното обложување ќе им биде на дофат на раце. Вакво бесмислено сценарио би имало несогледливи последици по економијата и општеството.
Предлогот за задолжителна оддалеченост на локалите од образовните институции значи само едно – гасење на индустријата која годишно придонесува кон буџетот со 280 милиони евра. Игрите би се преселиле на црниот пазар, па последиците врз економијата и општеството би биле несогледливи.
Почетокот на процесот на припрема на Законот за измена и дополнувања на Законот за игри на среќа кој од 21 јануари е достапен на Единствениот национален електронски регистар (Енер), го одвлекува вниманието на тоа што требаше одамна да биде регулирано (Уредбата за онлајн обложување), на она што се коси со сите европски закони – ограничување на работата на компаниите од оваа стопанска гранка со воведување на уредба за задолжително растојание на деловните простории од образовните институции. Се споменуваат дури 500 метри?!
Во ниту една земја членка на Европската унија не постојат вакви законски решенија, кои би имале катастрофални последици врз веќе кревката економија и криза заради пандемијата на коронавирусот. Вакви предлози се косат со секоја европска пракса, на приредувачите им се одзема правото на работа и остварување на приход од регистрирани дејности на места во кои со години има вложувано огромна сума на пари и стекнал доверба од клиентите. Се работи само за популистички обиди на одредени интересни групи под изговорот за заштита на населението од претерана изложеност на игрите на среќа да се воведат рестриктивни одредби.
Меѓутоа, истражувањата кои се правени на оваа тема го говорат токму спротивното. Студија на Институтот за ментално здравје во Торонто, како и студија на Универзитетот Метрополитен во Манчестер и многу други, покажуваат на тоа дека не постои влијание на оддалеченоста на објектите врз порастот на учество на малолетниците во игрите на среќа. Резултатите од истражувањето покажале дека присутноста на местата за обложување и конзумирањето на игри на среќа не влијаат на развојот на самата патологија. Резултатите на тие истражувања преточени се дури и во законодавна пракса во повеќето земји, кои не познаваат ограничувања на оддалеченост, туку превенцијата се врши со целосна забрана за влез на малолетници и големи казни за прекршување.
Во постоечкиот Закон за игри на среќа прашањето за забрана на учество на малолетници веќе е строго пропишано со членот дека „лицата под 18 години не можат да учествуваат во игрите на среќа“ и дополнително со став 3 од истиот член според кој „на лицата помлади од 18 години не им е дозволен влез во казино, во простории во кои се организира томбола од затворен тип, во обложувалници и во автомат клубови“.
Со воведувањето на било какво минимално растојание на уплатно-исплатните места од образовните институции, на приредувачите на игри на среќа директно би им се одзело правото на континуитет на работење и деловни активности стекнати врз основа на закон. Инвеститорите мора да уживаат целосна правна заштита и сигурност, што е едно од основните достигнувања на европската интеграција. Нивните права стекнати за време на инвестицијата не смеат да бидат одземени, поништени или ограничени со какво било следно изменување и дополнување на законите и подзаконските акти.
Уште еден аспект од вакво или слично ограничување на работата и функционирањето би значело и прекршување на уредбата за заштита на странски капитал и права на инвеститорот. Со оглед на тоа што во Македонија работат и странски компании во областа на игри на среќа, нивните вложени средства се заштитени со Уставот на Република Северна Македонија, но и со спогодби кои државите членки на Европската Унија ги донеле од крајот на 1960-тите до денес. Прекршувајќи ги нивните права и ограничувајќи го правото на работа преку некои бесмислени законски одредби, би значело и директна штета за државата, која би морала да плати отштета од неколку стотици милиони евра.
НЕИЗВОДЛИВО НА ТЕРЕН
Воведувањето на било какво минимално растојание е невозможно и неизводливо на терен, поради фактот дека во помалите градови на државата, кои имаат само една главна улица и неколку споредни, образовните институции се наоѓаат во централниот дел на градот, каде истовремено се лоцирани и деловни објекти, со што во целост се спречува отворањето на уплатно-исплатните места во сите мали градови ширум Република Македонија.
Покрај тоа, кога се гледа Градот Скопје, земајќи ја предвид густината на населеност, површината на градот и изграденоста на истиот, посебно присуството на голем број образовни институции, неспорно е дека не постои простор во кој приредувачите на игри на среќа би можеле да отворат уплатно-исплатно место.
ОНЛАЈН ОБЛОЖУВАЊЕ
Пред празниците се споменуваше дека прашањето за онлајн обложување по пат на лиценцирани спортски обложувалници наскоро ќе се реши со измени во Законот за игри на среќа. Меѓутоа, не е прецизирано за кога е тоа планирано, а и понатаму нема напредок по ова прашање.
Приредувачите од индустријата за игри на среќа испратија барање до Владата да ја продолжи лиценцата се додека не се реши тоа прашање, но наместо тоа, Уредбата која овозможи онлајн обложување беше укината! Со тоа на играчите им е одземен најбезбедниот начин на забава, а на компаниите од оваа гранка им е одземена можноста за непречено работење во период на криза.
Што повеќе се пролонгира одлуката за онлајн обложување, толку поголема е опасноста многу работни места да бидат загрозени. А, повеќе од 70.000 луѓе во потполност или делумно зависат од генерирање на личен доход од ланецот на вредности кој го има создадено оваа индустрија!
ОГЛАСИ ЗА РАБОТА:

Следете го во живо натпреварот КК Куманово – КК Гостивар (Livestream)

Ковид биланс: 721 нов случај на корона во земјава

Филипче: Корона состојбата во Гостивар стабилна, но граѓаните да не се опуштаат

Повозрасните гостиварци немаат интерес за актиковид вакцина

Отворена модуларната болница во Гостивар, дополнителни 35 кревети за пациенти со ковид

КК Гостивар денеска гостува во Куманово

Ранобудните луѓе се поздрави и подобро функционираат во текот на работниот ден

Потпишан колективен договор меѓу синдикатот на УПОЗ и Општина Гостивар

Големо намалување од -20% до -50% на производите на FLAIR во Гостивар

Погледнете ги најинтересните и најчудни автомобили на светот

Од полноќ горивата поскапи за половина до 1,5 денар

Годишнина од смртта на претседателот Трајковски – Каква порака испрати при последната посета на Гостивар?

Гостиварците Анастасоски и Лазарески ќе се натпреваруваат на Светското првенство во скијање во Италија

Првата клапа на „Гостиварскиот Роки“ е снимена :))

Охридски хотелиер со убав подарок за малите планинари од Гостивар и водичот Шурбан

Гостиварецот Шурбан успешно ја пренесува љубовта кон планините на новите генерации

На поларно време и снег Гостивар маршираше во чест на жртвите во автобуската несреќа

Како се прославуваше Водици во Гостивар од 2016 до 2020 година (галерија)

На Градскиот стадион во Гостивар: ФК Гостивар – ФК Вардар Форино 1:0 (фото)

На Градскиот стадион во Гостивар: Вардар Форино – Вардар Скопје (8:9)

ПРОТЕСТ – Русино е смрт! Белите дробови ни се црни! Сакаме цвеќе, не сакаме депонија!

Кошаркарскиот клуб Гостивар започна со подготовките за сезоната 2020/2021

ГОСТИВАР МОРА ДА ДИШЕ! Протест бр.2 (фотогалерија)

Априлијада на Gostivarpress.mk (втор дел)
Популарно изминативе 100 дена
- Што, како, каде?!пред 3 недели
Големо намалување од -20% до -50% на производите на FLAIR во Гостивар
- Здравје и убавинапред 3 месеци
Цинкот е неопходен за силен имунитет – еве во која храна најмногу го има
- Гостиварпред 3 месеци
Од полноќ нови цени на горивата
- Гостиварпред 3 месеци
Од полноќ, поскапуваат горивата
- Македонијапред 3 месеци
Проверете дали сте на листата на граѓани кои ќе добијат по 6000 денари од четвртиот сет мерки
- Гостиварпред 2 месеци
Обновени се податоците: Проверете дали сте добитник на финансиска помош од 6.000 денари
- Гостиварпред 3 месеци
Запознајте го Давид од Гостивар, најмалиот железничар на светот
- Гостиварпред 2 месеци
Поставена спомен плоча во чест на полицаецот Ѓурчиновски кој загина во несреќа на патот Гостивар-Тетово