Гостивар
Два нови позитивни пациенти со коронавирус во Гостивар
За 24 часа во Македонија регистрирани се 53 нови случаи на коронавирус. Од нив два се во Гостивар, останатите по градови се: Скопје -13, Куманово -8, Штип -5, Прилеп – 2, Струга – 14, Тетово – 2, Велес – 1 и Кочани – 6.
Вкупната бројка на дијагностицирани во земјава изнесува 483 лица, соопшти Министерството за здравство.
Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје починаа двајца пациенти заболени од коронавирус, жена од Лабуништа (Струга) на возраст од 71 година и маж на возраст од 77 години од Куманово, кои биле хоспитализирани во исклучително тешка состојба.
Институтот за јавно здравје информира за уште два смртни случаи, жител на Велес кој почина пред неколку дена, а неговиот позитивен резултат е докажан постмортем и странски државјанин кој живеел во Скопје 4 месеци.
Во изминатото деноноќие на државно ниво направени биле вкупно 414 тестови. Досега во земјата се направени 4.920 тестирања на Ковид-19.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар
1 Коментар