Поврзи се со нас

Гостивар

Две кривични против гостиварци за непочитување прописи во ковид пандемија

Објавено

на

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против 45 годишен жител на Чегране, гостиварско, сопственик на угостителски објект, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. МВР соопшти дека на 27.12.2020, полициски службеници извршиле контрола во угостителскиот објект на пријавениот, при што констатирале дека работел подолго од предвиденото работно време, а во објектот биле затекнати гости, со што се прекршени одлуките, мерките и протоколите со цел спречување на ширење на коронавирусот  ковид-19 и заштита на јавното здравје на населението.

НКР Гостивар поднесе кривична пријава и против 43 годишен жител на Гостивар, вработен како возач во превозно претпријатие, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здраствените прописи за време на епидемија“. „На 28.10.2020, при извршена контрола од страна на полициски службеници на наплатна рампа Гостивар, било констатирано дека пријавениот управува автобус „сетра“, сопственост на правното лице, кој во моментот превезувал повеќе патници со што ја прекршил одлуката за максимум 50% од вкупниот капацитет на возилото.“, информира МВР.

 

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена