Поврзи се со нас

Занимливости

Еден бакнеж 80 милиони бактерии

Објавено

на

 

Повеќе од 80 милиони бактерии се разменуваат со само еден бакнеж од околу 10 секунди, според едно истражување објавено во списанието „Microbiome“.

Истражувањето исто така открива дека партнерите што се бакнуват барем девет пати дневно имаат слична орална бактериска флора.

Екосистемот од над 100 трилиони бактерии што живеат во нашето тело (т.н. микробиома) е неопходен за дигестија на храната, за синтеза на хранливите материи и за превенција на болести. Тој систем го определува генетиката, исхраната, годините, но исто така и лицата со кои стапуваме во контакт. Устата е живеалиште на над 700 различни бактерии и нивниот состав е исто така под директно влијание на оние што ни се блиски.

Во истражувањето што го спровеле истражувачите од „Micropia“ и „TNO“ во Холандија учествувале 21 пар. Тие биле замолени да пополнат прашалник за нивните навики за бакнување и да наведат колку просечно дневно се бакнуваат. Потоа им биле земени примероци за испитување од јазикот и плунката.

Резултатите покажале дека паровите кои често разменуваат интимни бакнежи имаат сличен состав на микроорганизми во плунката. Просечно по девет бакнувања дневно води до тоа паровите да делат многу слични микрооргнизми во плунката.

„Во текот на интимното бакнување доаѓа до целосен контакт на јазиците и размена на плунка, па затоа сакавме да откриеме каков ефект има ова на составот на оралните микроорганизми и во колкав обем партнерите делат исти микроорганизми. Откривме дека колку повеќе паровите се бакнуваат, толку микроорганизмите се послични“ – велат истражувачите

Со цел да ја одредат количината на бактерии што се пренесуваат, едно лице од парот требало да испие пробиотик кој содржел специфични бактерии меѓу кои и лактобацилус и бифидобактерија. После бакнувањето, истражувачите откриле дека количината на пробиотските бактерии во плунката на примачот се зголемила за три пати и пресметале дека околу 80 милиони бактерии се пренесуваат со бакнеж од 10 секунди.

Истражувањето, исто така, укажува на тоа дека и други механизми имаат улога во составот на оралните микроорганизми, што произлегуваат од сличните животни навики, навиките во исхраната и личните хигиенски навики на партнерите.
Истражувањето покажало дека партнерите имаат многу послични микроорганизми на јазикот, за разлика од лицата кои не се во врска меѓутоа тоа не зависи од тоа колку често тие се бакнуваат, што е пак обратно кај микроорганизмите од плунката.

Во пресметките за одредување на бројот на микроорганизми кои се пренесуваат со бакнување, истражувачите ја користеле просечната фреквенција на бакнежи, површината што доаѓа во допир при бакнувањето и просечниот волумен на плунката.

Ова е многу интересно видео што ја покрива оваа тематика, па наша препорака е да ја најдете целата емисија бидејќи има многу интересни моменти.

Во соработка со Е наука

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Вестипред 3 часа

Ден на македонскиот јазик-5 Мај

Вестипред 14 часа

Православните го слават Велигден, празник над празниците, победа на животот над смртта!

Гостиварпред 15 часа

Повредени маж и малолетник во несреќа на патот Дебар-Маврово

Гостиварпред 23 часа

Споделена велигденска радост во Гостивар: Христос Воскресе – Навистина Воскресе!

Гостиварпред 1 ден

Велигденска честитка на Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 1 ден

Стојаноска: Бројот 2 е да си ја зачуваме историјата и да ја градиме иднината за нашите деца

Вестипред 1 ден

РАДОСТ ВО ЕРУСАЛИМ: Благодатниот оган се спушти во црквата Воскресение Христово

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 1 ден

Пендаровски во Гостивар – Да не се враќаме назад во време на препукување: Кој е поглавен во оваа заедничка куќа

Вестипред 1 ден

Велика Сабота, ден на слегувањето на Благодатниот оган: Чудо и привилегија на православните верници

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена