Поврзи се со нас

Вести

Единаесет години од смртта на Тоше Проески

Објавено

на

На денешен датум, пред 11 години Македонија ја загуби најсветлата ѕвезда на музичкото небо, Тоше Проески. Човек кој освен по својот ангелски глас, останува запаметен по неговата добрина, хуманост и скромност.

Тоше трагично настрада во 26-тата година од животот, во сообраќајна несреќа на автопатот Загреб – Липовац, во Хрватска.

Тоше Проески ја започнува својата музичка кариера на фестивалот “Мелфест” во 1997 година. Истата година учествува и на “Макфест” со композицијата “Пушти ме”, по што имаше два големи хита Усни на усни и Сонце во твоите руси коси. Во 1999 година го издава својот деби-албум “Некаде во ноќта”. За кратко време стана миленик на сите генерации не само во нашата земја, туку и низ целиот Балкан. Соработувал со композитори и музичари од Балканот и светот како Џеф Бек, Григор Копров, Жељко Јоксимовиќ, Леонтина Вукомановиќ, Марина Туцаковиќ, Бора Ѓорѓевиќ, Миро Буљан, Антонија Шола, Тони Цетински и Ања Рупел.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена