Гостивар
Една жртва и двајца повредени во несреќа на патот Гостивар-Кичево

Едно лице го загуби животот, а две завршија со повреди во несреќа што се случила ноќеска околу полноќ на магистралниот пат Гостивар – Кичево, во близина на Новоселски мост. МВР соопшти дека патничко возило „бмв“, со швајцарски национални ознаки, управувано од М.С. (54) од Кичево, излетало од коловозот. Во несреќата, М.С. починал на самото место, смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а сопатничката Н.С. (52) и сопатникот Ќ.А. (52), исто така, од Кичево се здобиле со повреди констатирани во гостиварската Општа болница “Ферид Мурад”. На местото на незгодата увид извршиле Јавен обвинител и екипа од ОВР Гостивар. По наредба на ЈО телото на М.С. е предадено за обдукција.
-
Гостиварпред 3 месеци
Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…
-
Гостиварпред 3 месеци
Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа
-
Гостиварпред 2 месеци
(Видео) Мечка ноќеска се симна во Жировница-Отстрел ќе нема, одобрени превентивни мерки
-
видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ Гости: Анета Ќироска и Ема Нешковска | Женски прашања
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Natasha Beauty Center во Гостивар слави 14 роденден со нова локација-Љубов и почит кон убавината и негата
-
Гостиварпред 3 месеци
Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!
-
Гостиварпред 3 месеци
Убава можност за музичко уживање во Гостивар: Концерт на Влатко Стефановски Трио, влезот е бесплатен
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
Fast food ‘Smile’ нова сендвичара во Гостивар која ги развеселува сите сетила