Поврзи се со нас

Македонија

Екологистите со позитивни реакции за Шара чекор поблиску до Национален парк

Објавено

на

Македонско еколошко друштво и Пријателите на Шара ја поздравија одлуката на Владата за прифатливост на иницијативата за прогласување на дел од Шар Планина за заштитено подрачје во категорија II – Национален парк.

Овие организации повеќе од две декади работат и делуваат на Шар Планина и сметаат дека ова е историски напредок на процесот којшто официјално на институционално ниво беше започнат во далечната 1997 година, кога беше изготвен предлог Закон за прогласување на дел од Шар Планина за национален парк.

МЕД ја истражува биолошката разновидност на Шар Планина од 1998 година, па до денес. „Како организација сме биле вклучени во изготвување на повеќе клучни документи за природните вредности на Шар Планина како и за прекугранична заштита на ова значајно подрачје. Во однос на процесот за прогласување на Шар Планина потсетуваме дека во 2010 година Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) повторно ја започна постапката за прогласување на Шар Планина за национален парк кога се одржаа институционални расправи и беа направени презентации во општините од Полошкиот плански регион. Во рамки на оваа иницијатива беа одржани и трилатерални средби на министрите за животна средина и просторно планирање на Косово, Македонија и Албанија во 2012 година кои се заложија Шар Планина да биде дел од поголемо прекугранично заштитено подрачје.“, се вели во соопштението од МЕД.

„Пријателите на Шара“ во 2015 година направија истражување коешто покажа дека 83% од локалното население во сите шест општини долж Шара сака планината да биде прогласена за заштитено подрачје. Во 2018 година се креираше визија со локалното население за развојот на регионот во следните 30 години. Во исто време, беше формирано и советодавно тело со различни засегнати страни од трите држави од прекуграничниот регион Шар Планина-Кораб-Коритник со крајна цел заштита на природните ресурси на трилатерално ниво.

„Во следните месеци треба да се води транспарентен процес со вклучување на сите засегнати страни на јавните трибини како и отворен пристап за надминување на евентуални недоразбирања меѓу различните сектори. Со прогласувањето на НП ШарПланина ќе се формира едно од најголемите прекугранични заштитени подрачја во Европа со што ќе се приближиме до остварување на државните стратешки определби за зачувување на нашето природно наследство. Тоа ќе придонесе за поефикасна заштита на биолошката разновидност и природата, а ќе се отворат можности за одржливсоцио-економски развој на подрачјето и локалните заедници.“, наведуваат од организациите.

 

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена