Поврзи се со нас

Македонија

Електрични тротинети – компромис меѓу безбедноста, екологијата и инфраструктурата

Објавено

на

Сè повеќе граѓани користат електричен тротинет за патување до работа или училиште, како еколошки начин на превоз што значително ја зголемува мобилноста во градски средини. Сепак, ограничувачки фактор е тоа што основна инфраструктура за движење со електричен тротинет согласно законот се велосипедските патеки, а доколку нема изградено такви, тогаш е дозволено движење по пешачките патеки, тротоар или друга површина за движење на пешаци, но со ограничување на брзината до 6 километри на час.

Во спротивно, возачот на електричен тротинет, кој не се движи по дозволените сообраќајни површини, ќе плати глоба од 80 евра.

Согласно измените на Законот за безбедност во сообраќајот од 2021 година, возачот на електричен тротинет ќе треба да плати глоба од 80 евра и доколку не се движи по десната велосипедска патека, тротоар или пешачка патека во правец на движење на сообраќајот и доколку не користи велосипедска патека кога има таква и се движи по тротоар или пешачка патека.

Ако се движи со брзина поголема од 25 км/ч по велосипедска патека или со брзина поголема од 6 км/ч по тротоар, пешачка патека, односно друга површина наменета за движење на пешаци, тогаш ќе треба да плати глоба во износ од 120 евра во денарска противвредност.

Електричен тротинет може да се управува со навршени 14 години и во тој случај глобите се изрекуваат на родителот или старателот.

Полицијата досега санкционирала вкупно 95 возачи на електричен тротинет

Од Министерството за внатрешни работи за МИА посочуваат дека убаво е доколку граѓаните користат возила со кои се намалува загадувањето, но тие мора да се управуваат одговорно, со почитување на пропишаните правила.

– Сите ние како учесници во сообраќајот мора да бидеме свесни дека мора да ги почитуваме правилата за да на тој начин останеме безбедни, а не за да ја избегнеме казната од полицијата, велат од МВР.

На прашање колку санкции се изречени за лица кои управувале електричен тротинет досега, од МВР информираат дека во текот на 2021 година има санкционирано вкупно 29 возачи на електричен тротинет, додека годинава до 31 октомври се санкционирани вкупно 66 возачи на електрични тротинети на територијата на целата држава.

Тоа значи дека од донесувањето на законските измени со кои се регулира учеството на електричните тротинети во сообраќајот полицијата вкупно има казнето 95 возачи за непочитување на правилата.

Согласно член 103 од Законот за безбедност во сообраќајот од 1 јануари 2021 година возач на електричен тротинет ќе добие прекршочен платен налог од 50 евра доколку не носи заштитен шлем на главата, превезува други лица или вечерно време и во услови на намалена видливост не носи рефлектирачки елек.

Возач на електричен тротинет, исто така, е должен да управува со него на начин на кој не се намалува стабилноста и не се попречуваат другите учесници во сообраќајот, а особено не смее да ги симнува рацете од управувачот, да се придржува за друго возило, да превезува, влече или турка предмети што можат да го попречуваат во управувањето или да ги загрозуваат другите учесници во сообраќајот. На возачот кој постапува спротивно на ова ќе му биде изречен платен налог од 50 евра.

Во сообраќајни незгоди годишно учествуваат околу 30 возачи на електрични тротинети, секој шести е тешко повреден

Според официјалната статистичка евиденција на Министерството за внатрешни работи во просек годишно во сообраќајни незгоди учествуваат по околу 30 возачи на електрични тротинети. За среќа, во нив нема ниту еден загинат и повеќето се со лесни повреди.

Во 2021 година вкупно 29 возачи на електричен тротинет учествувале во сообраќајна незгода. Од нив петмина се тешко повредени, а 22 се здобиле со полесни телесни повреди. Иако превезувањето на други лица на електричен тротинет не е дозволено, во сообраќајните незгоди со тешки телесни повреди се стекнал и еден сопатник на електричен тротинет.

Бројот на возачи на електричен тротинет кои учествувале во сообраќајни незгоди во 2022 година (заклучно со 31 октомври годинава) е зголемен и изнесува 33. Од нив потешко се повредени четворица, а со полесни повреди се стекнале 27 возачи. Нема потешко настрадани сопатници на електричен тротинет, но затоа полесно повредени се петмина.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 6 дена

Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар

Македонијапред 2 недели

Најнова одлука: Од утре промената на возачките, сообраќајните и патните листови ќе бидат без надоместок

Македонијапред 4 недели

Ќе се доделуваат ваучери за инвертери, огласот утре

Што, како, каде?!пред 4 недели

Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!

Гостиварпред 4 недели

Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот

Македонијапред 2 недели

Граѓаните затекнати во странство по 12 февруари со стари пасоши, ќе можат да се вратат со патен лист

Гостиварпред 3 недели

Таравари: Куршумот најден пред мојот дом е со јасна заканувачка мафијашка порака

Гостиварпред 3 недели

Утре во Гостивар можни прекини на водата и намален притисок поради пуштање во употреба на нов резервоар

Гостиварпред 2 недели

Велјаноски: Одлуката за вработување во гостиварската болница е противзаконска, прекршителите да бидат повикани на одговорност

Гостиварпред 1 месец

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 2 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 3 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 3 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 6 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 6 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 7 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Гостиварпред 7 месеци

Гостивар домаќин на атрактивна Меѓународна изложба на кучиња со учесници од 25 земји

ФОТО ВЕСТпред 7 месеци

ФОТО ВЕСТ | Августовска вечер низ Гостивар

Огласи за вработување:

- Клуб Спорт 77
- Млекара Маврово с.Ижиште
- M&M Медија ДООЕЛ Гостивар
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена