Поврзи се со нас

Гостивар

Емотивно и гордо! Гостивар со почит за д-р Трајче – Втор Меморијален турнир во мал фудбал

Објавено

на

Во спортската сала на гостиварската гикмназија денес се одржува вториот Меморијален турнир во чест на прерано починатиот д-р Трајче Нешковски. Настанот беше отворен претпладнево со пригодни говори и доделување плакети на оние кои му помогнаа во почетоците на неговата професионална и партиска кариера, како и благодарници на поддржувачите на турнирот.

„Овие две години откако Трајче трагично не‘ напушти, не научија дека тој никогаш нема да биде заборавен, зошто луѓето како него оставаат траен белег во времето во кое живееле. Нам, ни остана обврската и должноста да се сеќаваме на неговите зборови, лекции и добрини и да го сочуваме од заборав неговиот лик и дело.“, беше речено на отворањето, на кое се прикажа и кратко видео за животот и делото на Трајче..

Пред присутните свои обраќања имаа потпретседатело тна СДСМ Стефан Богоев, близок пријател и соработник на Трајче и д-р Ангелчо Андоноски, кој беше директор на Институтот за белодробни заболувања кај децата Козле, во времето на ковид пандемијата, кога Институтот функционираше како ковид центар во кој Трајче беше координатор.

„Од север до југ, од исток до запад, само Трајче може на едно место во исто време да собере вакви луѓе, како денес. Трајко, како што ние го викавме и уште го викаме, имаше една таква гравитациона сила со која може да собере двајца, тројца од сто луѓе кои не се познаваат и да ги направи поблиски од семејство. Како негов брат, другар, соработник може да кажам дека беше голем борец, во политиката, во животот, на работното место се бореше за животи. Тоа се примери кои ние сите треба да ги следиме. Кога велиме „Секогаш ќе живее во нас“, тоа значи да се дружиш, да сакаш, да се бориш во секој аспект на животот“, рече Богоев.

Дека Трајче стана пример за идните генерации, истакна и Андоноски.

„Еднаш му кажав: Го имаш тоа што ние дуригте го немаме, волја, желба, заложба да си во секоја борба и да си победник. Стана наш херој, пример за дините генерации“, рече тој.

Плакети беа доделени на: ПЗУ д-р “Велјаноски” од Гостивар, како прво работно место на Трајче, кое му беше важна основа и поддршка во текот на професионалната кариера, но и место каде што ја стекна почитта од широк круг на пациенти во градот,  Клиниката за пулмологија, д-р Ангелчо Андоноски, СДММ, ОО СДСМ Гостивар и СДСМ централа.

Благодарници добија: Општина Гостивар, градоначалникот Арбен Таравари, Агенцијата за млади и спорт, гимназијата, Државниот студентски дом Скопје и повеќе приватни компании.

На турнирот учествуваат 13 екипи составени од пријатели, колеги, познаници на Нешковски: ЛК СДММ Гостивар, УМС Гостивар, Малеарди, Другарите на Трајче, Охрид, Куманово, Исток, Клиника за пулмологија, СДММ Централа, Централа 2, Школски другари на Трајче, Питарница и Апаш маало.

Меморијалниот турнир има и хуманитарен карактер за помош на социјално загрозени семејства.

Gostivarpress.mk е медиумски покровител на настанот.

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена