Гостивар
Енеса Несими, нутриционист од Гостивар за дебелината и пандемијата и како здраво да ослабнеме

Прекумерната тежина е проблем со кој се соочуваат голем број лица, а ковид пандемија со ограничување на движењето, карантините, стресот, дополнително ја отежна ситуацијата. Со оглед дека луѓето поминуваа повеќе време во домовите, кујната им стана омилено свратилиште, а навиките на исхрана кај многумина се сменија кон полошо: прејадување, често консумирање чипсови и други нездрави грицки, пиење газирани сокови и слично.
Дебелеењето носи големи ризици за здравјето и телесната тежина треба да се регулира со правилна исхрана и физичка активност, вели Енеса Несими, нутриционист од Гостивар.
„Вистината е дека пандемијата го направи своето, беше стресен период кога луѓето беа затворени дома и јадеа повеќе. За да се вратиме во нормала и не е толку тешко, едноставно треба да се следи и почитува програма за здрава храна. Тоа значи да се јаде повеќе свежо овошје и зеленчук, одредени видови на месо подготвени на соодветен начин, да се пие доволно вода, а да се избегнуваат бел леб и бели пецива, пијалоци со шеќер, пржена храна, колачи, помфрит, тестенини и се‘ што има шеќер како додаток. Секако, неопходно е да се практикува физичка активност, пешачење, вежбање“, вели Несими.
Нагло и брзо слабеење никако не се препорачува, затоа што значи стрес за организмот и може да предизвика здравствени проблеми. Интернетот е преплавен со информации за диети, од кои многу се ригорозни и значат гладување.
„Ако сака да слабее човек не значи дека треба да се изгладнува, тоа може да донесе многу болести за организмот и да биде крајно штетно. При диета треба секојдневно да се внесуваат тие хранливи материи што му се потребни на телото за да функционира нормално, со правилен избор и комбинација на храна која е индивидуална за секој организам. Не може една диета, режим на исхрана да делува исто кај сите, затоа се прават посебни програми кои се базираат на анализи“, нагласува нутриционистот.
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Гостиварпред 1 месец
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022