Гостивар
ЕСМ ги демантира наводите за експлозија во ХЕЦ „Вруток“, имало краток прекин на работата заради осигурувач

АД ЕСМ ги демантира написите во дел од медиумите за наводна експлозија во ХЕЦ „Вруток“. Станува збор, како што појаснија од ЕСМ, за краток, петнаесетминутен прекин, во работата на хидроцентралата, заради осигурувач на вод кон гостиварските села.
– Хидроелектраната и целиот Хидросистем Маврово продолжуваат да работат најнормално. Вакви и слични појави во работата на инсталациите се случуваат многу често и не се никаква непознаница. Заради тоа, ги оценуваме како тенденциозни написите за експлозија во ХЕЦ Вруток објавени во медиумите, без претходно да се провери информацијата, повикувајќи се на неименувани извори. Објавувањето на непроверени и лажни информации го доживуваме како атак врз компанијата кој не е полза ниту на АД ЕСМ, ниту на јавноста, нагласија од ЕСМ.
Имено, претходно денеска дел од македонските медиуми објавија дека во ХЕЦ „Вруток“ дошло до експлозија.
-
Гостиварпред 1 месец
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 1 недела
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
„Сокче од морковче“… дознајте кои се огромните придобивки
-
Занимливостипред 2 недели
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 4 недели
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 2 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Ниќифорово може да даде уште една потврда дека Македонија е библиска земја
-
Македонијапред 4 дена
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава