Поврзи се со нас

Здравје и убавина

Еве зошто треба да јадете печурки почесто

Објавено

на

Печурките се многу корисни за човековото тело, бидејќи дејствуваат делотворно на здравјето поради нивната хранлива вредност.

– Печурките се богати со витамин Д, кој е исклучително корисен. Недостатокот на овој витамин е поврзан со замор, нарушено здравје на коските, намалена функција на имунолошкиот систем и зголемена подложност на хронични болести, вклучително и одредени видови рак… Поради нивните лековити својства, печурките се користат во медицината повеќе од 2.000 години. Тие содржат соединенија коишто предизвикуваат имунолошки одговор на повеќе нивоа – слично како „група војници кои водат неколку битки истовремено во седум војни“. Печурките се познати и по својот широк спектар биоактивни состојки, пред сè по бета-глуканите кои го зајакнуваат имунитетот, појаснува нутриционистката Никол Стефанов.

Истражување објавено во стручното списание „Фуд сајенс енд нутришн“ (Food Science & Nutrition) покажа дека со редовно консумирање печурки внесувате доволно количество микронутриенти во телото без зголемување на нивото калории, масти и натриум. Печурките се богати со селен – хранлива материја којашто има антиоксидантни својства што помагаат при намалување секаков вид воспаление. А, добро делуваат и на работата на цревата, односно на системот за варење.

– Многу студии покажаа дека печурките дејствуваат како пробиотици. Не само што го подобруваат варењето, туку можат да бидат корисни и за луѓето со дијабетес. Имено, печурките имаат способност да менуваат одредени цревни бактерии и на тој начин ослободуваат инсулин од бета-клетката на панкреасот, додаде таа.

Занимливо, луѓето кои јадат печурки имаат и помала веројатност да страдаат од депресија. Истражувачите го припишуваат ова на многуте биоактивни соединенија во печурките, вклучително и витаминот Б-12 и антиоксидансите.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена