Поврзи се со нас

Вести

Факти за мајмунските сипаници

Објавено

на

Институтот за јавно здравје објави статија во која стручно и детално е појаснето се‘ околу мајмунските сипаници, вирусно заболување актуелно изминатиот период. Во продолжение ги пренесуваме главните факти, како и линк до страницата на ИЈЗ каде може да ја прочитате целата статија, која содржи информации за пренесувањето на заразата, моменталната состојба во светот, симптомите, третманот итн.

Главни факти

  • Мајмунските сипаници се предизвикани од истоимениот “вирус на мајмунски сипаници”, припадник на родот на Orthopoxvirus од фамилијата Poxviridae.
  • Мајмунските сипаници се вирусна зоонозна болест која се јавува првенствено во областите на тропските прашуми во Централна и Западна Африка и повремено се пренесува во други региони.
  • Мајмунските сипаници сe манифестираат клинички типично, со треска, исип и отечени лимфни јазли и може да доведе до низа медицински компликации.
  • Мајмунските сипаници обично се самоограничувачка болест, со симптоми кои траат од 2 до 4 недели. Може да се манифестираат и со  тешка клиничка форма. Во последно време, смртноста е околу 3-6%.
  • Мајмунските сипаници се пренесуваат на луѓето преку близок контакт со заразено лице или животно или со предмети контаминирани со вирусот.
  • Вирусот на мајмунски сипаници се пренесува од едно на друго лице преку близок контакт со оштетена кожа, слузокожа, телесни течности, респираторни капки и контаминирани материјали како што е постелнината.
  • Клиничката презентација на мајмунските сипаници наликува на големи сипаници, инфекција која беше прогласена за искоренета ширум светот во 1980 година.
  • Вакцините користени за време на програмата за искоренување на големите сипаници, исто така, обезбедуваат заштита од мајмунски сипаници. Развиени се и понови вакцини, од кои една е одобрена за превенција од мајмунските сипаници.
  • Антивирусно средство кое претходно е развиено за третман на големите сипаници, исто така е лиценцирано за третман и на мајмунските сипаници.

Целата статија прочитајте ја на следниот ЛИНК

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена