Вести
Фатени дрвокрадци на пат во гостиварски Балиндол
Две лица од гостиварското село Лакавица биле лишени од слобода, откако полицијата во возило открила огревно дрво без жиг и документи. Како што информира СВР, полициски службеници вчера (21 октомври) околу 6 часот и 50 минути, на локалниот пат во гостиварското село Балиндол забележале патничко возило „Фиат скудо“ без регистерски таблици, управувано од 25-годишен жител на Лакавица, кое било натоварено со околу 2 метри кубни огревно дрво кое немало жиг и документи. На даден знак да застане, возилото најпрво не застанало, а потоа застанало и возачот почнал да бега. Тој набрзо бил фатен и лишен од слобода.
Запрено било и возило „Голф“ со гостиварски таблици, што го управувал 52-годишник од Лакавица, поради сомнение и за негова инволвираност во превезувањето на дрвата, по што и тој бил лишен од слобода.
Полицијата соопшти дека работи на целосно расчистување на случајот по што ќе следат соодветни поднесоци.
-
Гостиварпред 3 дена
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди