Поврзи се со нас

Спорт

(Фотогалерија) Празник на кошарката во Скопје – МЗТ го пречека Партизан 74-92

Објавено

на

    МЗТ Скопје после 4 години се врати во АБА лигата, и со тоа беше јасно дека во СЦ Јане Сандански ќе гостуваат најдобрите кошаркарски екипи од регионот, распоредот сакаше „штрковите“ во првиот домашен натпревар во ова натпреварување да отворат со белградски Партизан, предводен од најтрофејниот европски тренер Жељко Обрадовиќ.

    Атрактивното меѓународно натпреварување, и звучните кошаркарски имиња придонесоа после подолго време да бидеме сведоци на полна сала, врвна кошарка и топ-атмосфера, како и заслужуваат љубителите на кошарката од земјава.

    Актуелниот македонски шампион МЗТ Скопје Аеродром загуби пред своите гледачи од Партизан со 74-92 во рамки на 2. коло во регионалната кошаркарска АБА лига. Партизан ја оправда фаворитската улога, а клучната предност на патот до победата ја стекна веќе по првата четвртина која ја реши во своја корист со 25-9.

    Најефикасен на натпреварот беше Страхиња Мицовиќ од МЗТ СКопје со 18 поени, а новото американско засилување во тимот од Аеродром, Мајкл Кафи, постигна поен помалку. Данте Ексум и Џејмс Нунели беа најефикасни кај победниците со по 17 поени. Јам Мадар постигна 12 поени.

    За кошаркарите на МЗТ Скопје ова беше прв натпревар на домашен терен по пауза од четири години, а втор пораз сезонава во регионалната лига.

    Следен противник на македонскиот шампион и повратник во регионалното кошаркарско натпреварување ќе биде црногорскиот првак Будуќност.

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 5 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 7 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 10 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена