Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!



  • Дата: 25/03/2019 | 17:22

Фрчат казни за моторџии во Гостивар – возеле без дозвола, не носеле кацига…

Значителен дел од возачите кои управуваат моторцикли на гостиварското подрачје не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Во контролата спроведена вчера биле откриени петнаесетина прекршоци.

Како што информира Секторот за внатрешни работи, четворица возеле без возачка дозвола, три управувале мотори со истечена регистрација, додека шест не носеле заштитна кацига, а забележани се и други прекршоци.

Откриените прекршоци во вчерашната акциска контрола биле заокружени со 13 платни налози, пет исклучувања од сообраќај и шест покани за поука.

Целта на акциската контрола е навреме да се откријат и соодветно законски да се санкционираат ваквите прекршоци што ги чинат мотоциклистите, а чиј број последниве денови забележително е зголемен, извести СВР.

Напишете коментар