Поврзи се со нас

Гостивар

Условувањата од газдите работниците да ги пријават во Пазарен инспекторат

Објавено

на

Работниците не треба да прифаќаат какво било условување од работодавачите поврзано со исплата на плата и да не потпишуваат спогодбен отказ од работа, посочува заменик министерот за труд и социјална политика, Ѓонул Бајрактар.

Со вториот сет мерки за справување со економските последици на кризата предизвикана од коронавирусот, предвидена е директната помош од 14.500 денари за месеците април и мај, за исплата на вработените во фирмите погодени од кризата. Како алтернатива на оваа мерка, компаниите можат да изберат да ја користат мерката за покривање на 50 отсто од придонесите на платите на своите вработени. Заменик министерот Бајрактар посочи дека во случај кога газдата ги условува работниците дека ќе им ја исплати утврдената плата за април и мај но, само ако потпишат спогодбен отказ, она што треба да го направат работниците е да пријават во Државен пазарен инспекторат.

Ако има спогодбен престанок на работен однос, на лицето не му следува паричен надоместок и со тоа работникот се доведува во состојба ем без плата ем без можност да оствари паричен надоместок преку Агенцијата за вработување. Затоа, на работодавачите им се препорачува, во овој период, доколку немаат друга можност и се принудени да го отпуштат работникот, тоа нека го направат преку технолошки вишок.

Бајрактар, додаде дека секое лице кое не е вработено, доколку сака да биде евидентирано како невработено лице, треба да се пријави во Агенцијата за вработување на РСМ, односно во центарот за вработување според местото на живеење. Невработените лица, кои согласно Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност ќе се стекнат со право на паричен надоместок,  остваруваат и право на здравствена заштита,  а останатите невработени лица за остварување право на здравствена заштита треба да се обратат до Фондот за здравствено осигурување.

Што се однесува пак до тоа кому му следува паричен надоместок а за кого е наменета гарантирана минимална помош, Бајрактар рече дека граѓаните кои останале без работа имаат право на паричен надоместок во висина од 50% од просечната месечна нето плата на работникот за последните 24 месеци, доколку претходно биле во работен однос најмалку 9 месеци непрекинато, или 12 месеци со прекин во последните 18 месеци. Надоместокот се исплатува согласно годините работен стаж. Граѓаните треба да го поднесат барањето до Центарот за вработување во местото каде живеат.

За оние работници што останале без работа а немале стаж од 9 месеци, или биле дел од неформалната економија, за нивните домаќинство е предвидена гарантирана минимална помош (ГМП). Со новата уредба со законска сила,  за добивање минимална гарантирана помош, материјалната необезбеденост ќе се утврдува врз основа на вкупната просечна висина на сите приходи на сите членови на домаќинството по сите основи, сметано од последниот месец, наместо досегашните три месеци, укажа Бајрактар.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена