Поврзи се со нас

Македонија

Генчовска: Бугарија не го признава македонскиот јазик

Објавено

на

Министерката за надворешни работи на Бугарија, Теодора Генчовска за време на прес-конференцијата по потпишувањето на билатералниот протокол меѓу Бугарија и Северна Македонија, истакна дека во билатералните односи, Бугарија не го признава официјалниот јазик на Северна Македонија.

– Бугарија не отстапува во однос на ставот за официјалниот јазик на Република Северна Македонија. Целосно ја почитуваме одлуката на Народното собрание, според која Бугарија не го признава овој јазик. Во контекст на преостанатите 26 земји-членки, сепак, тие имаат свои позиции и ние никако не можеме да ги обврземе да го прифатат нашиот став. Но, бугарската позиција е загарантирана во целата преговарачка рамка, изјави Генчовска.

Важно е, посочи Генчовска, дека отсега ниту еден документ во процесот на приклучување на Северна Македонија кон ЕУ, „не може да се сфати како бугарско признавање на постоењето на т.н. македонски јазик“.

– И тоа е јасно опишано во едностраната декларација што Бугарија ќе ја претстави во понеделник за време на Комитетот на постојани претставници, рече министерката за надворешни работи и додаде дека оваа декларација ќе биде претставена и во следните чекори на европско ниво и ќе биде поздравена од Советот на ЕУ.

Министерката за надворешни работи Теодора Генчовска рече дека при одредувањето датум за првата меѓувладина конференција од страна на Чешкото претседателство со ЕУ, Република Северна Македонија ќе има политичка меѓувладина конференција, а потоа властите во Северна Македонија треба да ја започнат процедурата, да се смени Уставот со цел во него да се вклучат и локалните Бугари.

Како што информираше, дури потоа ќе има втора меѓувладина конференција на која всушност ќе започне преговарачкиот процес, но тоа ќе зависи од властите во Северна Македонија

– Може да трае три месеци, како што беше случај кога името на Република Северна Македонија се промени, но може и да продолжи и две години, рече Генчовска.

Бугарската министерка за надворешни работи изјави дека вистинските преговори за Албанија може да започнат веднаш по првата меѓувладина конференција.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 7 часа

Фолклорот и традицијата во Гостивар како предвесници на празничната велигденска атмосфера

ИЗБОРИ 2024пред 8 часа

Избирачките одбори на 8 мај ќе треба да се реорганизираат, на ИМ мора да бидат по 7 лица, наместо по 5 како до сега

Вестипред 11 часа

Во Венеција од денес 5 евра влез за туристи

Вестипред 13 часа

Сахарска прашина над Турција, предупредувања за ризици

Гостиварпред 14 часа

Напад од бездомно куче во Гостивар

Гостиварпред 15 часа

Градинките во Гостивар се вклучија во Неделата на имунизација-Повисока свест за важноста на вакцините

Македонијапред 16 часа

Синдикатите на Првомајски протест- „Ние работниците“

Македонијапред 17 часа

Минималните трошоци на семејство во април 60.212 денари, скокнале за 20 евра за еден месец

Гостиварпред 18 часа

Лишен од слобода гостиварец за фотографирање на гласачкото ливче

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена