Поврзи се со нас

Вести

„Ги запознаваме ретките болести 2023“: АДНП синдром – Хелсмортел-Ван ДерАа синдром

Објавено

на

АДНП синдромот, познат и како Хелсмортел-Ван ДерАа синдром, е автосомно-доминантна невроразвојна генетска болест предизвикана од мутации во генот АДНП кои се случуваат спонтано во 97 % од случаите што значи дека нема фамилијарна историја на болеста („де ново“ мутации). АДНП е предизвикан од мутација во генот зависен од активноста на невропротективен протеин кој се наоѓа на долгиот крак од хромозом 20 (20q12). Кога оваа мутација ќе се случи, протеинскиот производ може да биде отсутен, неисправен, неефикасен или создаден во прекумерност. Во зависност од функциите на одредениот протеин, можат да бидат зафатени голем дел на органски системи, вклучувајќи го и мозокот. Доколку АДНП патогенетската варијанта е идентификувана кај член од фамилијата, потребно е пренатално тестирање.

Точниот број на дијагностицирани пациенти не е познат, но според некои податоци изнесува 1 на 20.000 од популацијата во САД и Европа. Како и многу други ретки болести, така и во овој случај, АДНП синдромот може да се пропушти или да остане недијагностициран, што допринесува кон неможноста за одредување на фрекфенцијата во генералната популација. Се смета дека АДНП синдромот е присутен во околу 0.17 % од индивидуите со аутизам. Досега во светот се дијагностицирани околу 250 деца, опишани во литературата.

 

Клинички карактеристики:

Се карактеризира со:

  • хипотонија, односно неможност за самостојно седење и одење, низок раст, ран пубертет, дефицит на хормон за раст;

  • задоцнет говор;

  • нарушувања на слухот: стеснет ушен канал, чести воспаленија на средно уво сѐ до губиток на слух;

  • средно до тешка интелектуална попреченост;

  • карактеристични лицеви промени како: проминентно чело, широк корен на нос, краток нос;

  • спектар на аутистични нарушувања, невролошки промени (епилепсија, фокални напади);

  • потешкотии во хранењето, гастроезофагеален рефлукс, чести повраќања;

  • проблеми со видот, страбизам, конгенитална катаракта, колобома:

  • нарушувања на шаките и стапалата како полидактилија, клинодактилија, рамно стапало;

  • аномалии на мускулоскелетниот систем како сколиоза, деформитети на граден кош, хипермобилност на зглобови, деформитети на черепот;

  • проблеми со срцето (атријален и вентрален септален дефект, пролапс на митрална валвула);

  • уринарен систем (стеснети уретери, билатерален везикоуретерален рефлукс);

  • чести горнореспираторни и уринарни инфекции.

 Децата со АДНП синдромот во раната возраст имаат тенденција лесно да се забавуваат и имаат среќно однесување слично на синдромот на Агелман. Ова често ја одложува дијагнозата за нарушувања во однесувањето, како што е аутизмот, дури и кога детето покажува многу аутистични карактеристики во раните години од животот. Можат да се појават и нарушувања на сонот, вклучувајќи апнеја при спиење, често будење во текот на ноќта, како и рано будење. Поголемиот дел од засегнатите деца можат да ги исполнуваат критериумите за нарушување на спектарот на аутизам и можат да покажат лоша социјална интеракција и благи до тешки повторувачки (стереотипни) однесувања како што се повторувачки говор, нишање напред и назад, мавтање со раце, плескање со раце, триење со прсти или крцкање со прстите (93 %). Децата со АДНП синдром често имаат висок праг на болка (64 %). Многу родители пријавуваат дека нивното дете не чувствува болка, а некои пријавуваат фрактури без знаци на непријатност или ужасна болка. Ниската перцепција на болката во врска со проблемите во комуникацијата, може да им отежне на родителите да знаат кога нивното дете има болка или повреда.

Дијагноза:

Дијагнозата се поставува со молекуларно генетско тестирање кое може да открие мутации во генот АДНП. Тестирањето за мутации во генот е вклучено во секвенционирањето на целиот геном. Пренаталното тестирање исто така е возможно. На магнетната резонанција се присутни атипични лезии во белата маса, широки вентрикули, недоразвиен корпус калозум, церебрална атрофија, кортикалнадисплазија и хороидни цисти. Се препорачува генетско советување за засегнатите лица и нивните семејства.

Третман:

Третманот е симптоматски бидејќи сѐ уште не постои специфична терапија. Потребен е мултидисциплинарен пристап од страна на невролог, гастроентерохепатолог, кардиолог, нефролог, оториноларинголог, физијатар, како и психолог. Засегнатите деца можат да имаат корист од професионалната, физичката и говорната терапија. Некои деца бараат секојдневна терапија во текот на целата година. Водата и музичката терапија исто така биле корисни за некои засегнати деца.

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 часа

Свеченост за 24 Мај во Гостивар: Почит кон нашето културно и духовно богатство

Парламентарни избори 2024пред 9 часа

ДИК ги додели уверенијата за пратенички мандати

Македонијапред 11 часа

Јадење, пиење, облека, сметки…Мајските трошоци за семејство 60.090 денари

Македонијапред 12 часа

Велковски: Околу 9000 социјални семејства оштетени за 120 евра годишно

Македонијапред 12 часа

Метео предупредување за невреме

Гостиварпред 13 часа

Два случаи на семејно насилство вчера на подрачје на Гостивар

Македонијапред 16 часа

Македонија дел од кампања на Амбер Алерт Европа-Како да се постапи при исчезнување на дете

Гостиварпред 16 часа

Света архијерејска Литургија во бигорскиот скит во Битуше посветен на браќата Кирил и Методиј

Парламентарни избори 2024пред 17 часа

Гласаат болни, немоќни и затвореници пред утрешното прегласување за парламентарните избори во 7 избирачки места

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 5 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 9 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 10 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена