Поврзи се со нас

Вести

Ги запознаваме ретките болести: Рет синдром

Објавено

на

Рет синдром/Rett syndrome

MKБ – 10: F 84.2

Прeваленција/распространетост: 1-9/100.000

Рет синдром е ретко наследно генетско заболување кое типично се манифестира на возраст од 6 до 18 месеци кај девојчиња со нарушување на говорот и моторната координација и со репетитивни движења. Тежината на состојбата е многу варијабилна и вклучува успорен раст, потешкотии со одењето, помали димензии на главата, епилепсија, сколиоза и тешкотии со спиењето. Болеста е исклучиво ретка кај машкиот пол. Невропсихијатарот Бенгт Хагберг од Гетеборг првпат забележал неколку случаи на оваа болест во текот на 60-тите години на минатиот век. Во 1966 година, проф. д-р Андреас Рет од Виена го објавил првиот извештај за овој синдром кај 31 девојче. Во меѓувреме, независно од него, објавена е слична студија од група јапонски научници. На состанокот на Европската федерација на Здружението на детска неврологија во 1980 година, Хагберг презентирал 16 случаи на оваа болест, а по тој повод, своите извештаи ги претставиле и Карин Дијаз од Лисабон и Жан Аикарди од Париз. Три години подоцна, оваа група автори објави заеднички извештај за 35 девојчиња со ова нарушување (од Шведска, Португалија и Холандија), и за првпат го нарекоа Рет синдром.

Клиничка слика:

Женски деца со синдромот Рет – спектарот на манифестација на синдромот Рет кај жените опфаќа спектар од класична форма до варијантна форма со поширока клиничка манифестација (од полесна до потешка форма). Класичната форма е нервно – развојна болест кај женските деца, која се карактеризира со 4 фази.

Фаза 1: Типичен психомоторен развиток во првите 6 до 18 месеци од животот. Следи успорување на психомоторниот развиток кое во почетокот може да е многу дискретно и незабележано од родителите и лекарите. Детето може да покажува помал интерес за играчките и поретко да остварува контакт со очите. Во овој период може да се појави и успорување на моторниот развој, на пример тешкотии со седење или лазење. Оваа фаза обично трае неколку месеци, но и до една година.

Фаза 2: Оваа фаза типично се јавува во возраст од 1 до 4 години, и може да трае од неколку недели до неколку месеци. Се манифестира со брза регресија на јазичните и моторните функции по што следи период на долгорочна стабилизација на состојбата. Во периодот на брза регресија, присутни се репетитивни и стереотипни движења со рацете (на пример: плескање со дланките, доведување на дланките до устата) кои ги заменуваат осмислените движења на рацете кои имаат определена цел. Овие движења се присутни кога детето е будно и се губат при спиење. Дополнителните клинички знаци вклучуваат гласно викање, плачење, аутистични симптоми, панични напади, шкрипење со забите во будна состојба, повремено задржување на здивот или забрзано дишење, несигурност во одењето, неспособност за движење, тресење на рацете, епилептични грчеви и успорен раст на главата кој води до помали димензии на главата.

Фаза 3: Претставува плато или псевдо – статична фаза која обично почнува помеѓу 2 и 10 години, и може да трае повеќе години. Во текот на оваа фаза карактеристични се апраксија (тешкотии со планирање и изведување на моторните функции) и епилептични пристапи. Во оваа фаза може да има подобрување во однесувањето, со помалку иритабилност, плачење и аутистични симптоми, а може да се јави и подобрување на вниманието и на интересот за околината. Многу од девојчињата со синдромот Рет остануваат во оваа фаза до крајот на животот.

Фаза 4: Ова е фаза на доцно моторно пропаѓање и може да трае од неколку години до неколку децении. Се карактеризира со моторни проблеми, намалена подвижност, сколиоза, мускулна слабост, ригидност, спастичност, и зголемен мускулен тонус. Ако претходно пациентката се движела без проблем, способноста за одење може да се изгуби, додека когнитивната функција, комуникациските вештини и моториката на дланките обично не трпат промени во оваа фаза. Репетитивните движења можат да се намалат.

Машки деца со синдромот Рет – клиничката слика кај ретките машки случаи на синдромот Рет вклучува енцефалопатија со почетокот во неонаталниот период – ова е најчестата форма на болеста кај машките деца. Болеста напредува брзо со промени во мускулниот тонус, неволни движења, тежок облик на епилепсија и пореметувања на дишењето. Фаталниот исход е многу чест во втората година од животот.

Причини, наследување и генетско советување:

Оваа генетска состојба се должи на патогени генетски варијанти кои го зафаќаат МЕЦП2 генот, т.е. во 90 – 95 % од случаите се работи за промени во секвенцата, а во преостанатите 5 – 10 % се работи за промени во бројот на копиите на овој ген (делеции или дупликации). МЕЦП2 генот е лоциран на Х – хромозомот и се наследува како Х – сврзно заболување, т.е. женските хетерозиготи ја манифестираат болеста додека машките хемизиготи (машките имаат по една копија од гените на Х – хромозомот) умираат или за време на интраутерниот развиток или во првите години од животот. Најголемиот број случаи се должи на нови генетски промени, каде промената забележана кај пациентката или пациентот не се детектира во ДНК од крвта кај двајцата родители. Ако пациентот е од женски пол, се препорачува тестирање на двајцата родители, а ако е од машки пол, само на мајката. Ако генетската промена не е присутна кај родителите, промената може да е или нова, или да се работи за гонаден мозаицизам (генетската промена е присутна во клетките на тестисите или јајниците). Веројатноста за повторување на состојбата во следната бременост кога генетската промена не е присутна во ДНК од крвта на родителите, е под 1 %, но поради можноста за гонаден мозаицизам, доколку родителите сакаат да бидат сигурни, тогаш можна е пренатална дијагноза. Ретко, мајката може да е неманифестен или благо манифестен носител на генетската промена поради поволна инактивација на Х – хромозомот. Во овие случаи, веројатноста за болеста да се повтори е 50 % (или 1 од 2) во некоја од следните бремености.

Во семејствата со дете со синдромот Рет каде кај детето е поставена генетска дијагноза, можна е пренатална дијагноза во следните бремености. Пренаталното тестирање се спроведува со сензитивно генетско советување.

Дијагноза:

Дијагнозата се засновува врз клиничката слика. Симптоми кои укажуваат на синдромот Рет, се:

  • најспецифичен симптом е периодот на регресија на возраст од 1 до 4 години, следено од фазата на подобрување или стабилизацијата на возраст од 2 до 10 години;
  • главните наоди кои укажуваат на оваа состојба се делумен или комплетен губиток на стекнатите целни моторни вештини на рацете, како и на стекнатиот говор, нестабилност во одењето до губиток на способноста за одење, и стереотипни движења со рацете;
  • дополнителни симптоми на оваа состојба се тешкотии со дишењето во будна состојба, шкрипење со забите во будна состојба, нарушен ритам на спиење, промени во мускулниот тонус, сколиози или кифози, забавен раст, мали и студени дланки и стапала, несоодветно смеење и намалено чувство на болка;
  • симптоми кои ја исклучуваат болеста се познати повреди на мозокот, сериозни инфекции на мозокот, нервнометаболни болести, и видливо несоодветен психомоторен развиток во првите 6 месеци од животот.

Третман:

Лекувањето на манифестациите на оваа состојба вклучува оптимизирање на способностите на пациентот со вклучување на мултидисциплинарен пристап кој треба да вклучи и психосоцијална поддршка за членовите на семејството. Рисперидонот може да помогне во лекување на агитацијата, а мелатонинот може да го подобри спиењето. Стандардот на грижа вклучува лекување на епилепсијата, констипацијата, сколиозата, продолжениот QT – интервал и спастицитетот. Следењето на состојбата вклучува периодична проценка од мултидисциплинарниот тим, регуларна проценка на QT – интервалот и на сколиозата. Пациентите со синдромот Рет треба да избегнуваат лекови кои го продолжуваат QT – интервалот.

Сподели ја веста:
Advertisement
Македонијапред 3 часа

МВР за пожарот во Кочани: Осомничени над 20 лица, фирмата немала легална лиценца

Македонијапред 7 часа

Седумдневна жалост во Македонија за трагедијата во Кочани

Македонијапред 7 часа

Централна потерница за 4 лица во врска со пожарот во дискотеката во Кочани, увидот сѐ уште трае

Македонијапред 8 часа

Над 150 млади лица повредени во пожарот во Кочани хоспитализирани во болниците низ земјава

Македонијапред 10 часа

Голема трагедија-51 лице загина во пожар во дискотека во Кочани, стотина се повредени

Здравје и убавинапред 22 часа

Вежба „4-7-8“ против несоница

Светпред 24 часа

Илјадници демонстранти на улиците во Белград: Студентски протести против корупцијата и неефикасноста на владата

Вестипред 1 ден

Извлечени се лицата чиј чамец се преврте во Мавровско Езеро

Гостиварпред 1 ден

Се превртел чамец со две лица во Мавровско Езеро, во тек е спасувачка акција

Гостиварпред 4 недели

Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар

Македонијапред 4 недели

По 1.000 денари месечно субвенции за сметките за струја ќе добиваат ранливите групи

Гостиварпред 4 недели

Вешта жена 2025 во Гостивар: Сплотени да шириме љубов, убавина и добрини!

Гостиварпред 4 недели

Девојки од Украина, Бугарија и Србија приведени во локал во гостиварско

Гостиварпред 4 недели

Јасмина Топалоска победи на Вешта жена 2025 во Гостивар

ФОТО ВЕСТпред 2 недели

ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести

Гостиварпред 4 недели

Управните служби на МВР од денес со ново работно време

Гостиварпред 2 недели

Згрозувачки објави на Инстаграм за девојки од Гостивар, профилот се пријавува

Македонијапред 4 недели

Се крои нова листа на работни места со бенифициран стаж

Гостиварпред 2 месеци

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 2 месеци

Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

Гостиварпред 2 месеци

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 4 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 6 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 8 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 12 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 година

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 1 година

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена