Гостивар
Гимназијалците во Гостивар на обука за пружање прва помош

Во средното општинско училиште во Гостивар се одржа обука по прва помош, наменета за гимназијалците. Обуката ја организираше Општинска организација на Црвениот Крст, во рамките на кампањата “Твоето незнаење чини живот“, чија цел е оние кои седнуваат зад волан да се потсетат на начините на пружање прва помош и да го обноват своето знаење од оваа област со што ќе се спречат поголеми здравствени последици, но и жртви во сообраќајни несреќи.
„На презентациите во гимназијата присуствуваа ученици на возраст од 16 до 18 години кои се идни потенцијални возачи. Од страна на предавачот доктор Бесник Зеќири и Алмир Мухареми од стручната служба на Црвениот крст им беа прикажани основите на срцево-белодробно оживување, правилата на извлекување на повредени, постапки при крварења, скршеници и слично.“, информираат од Општинската организација на Црвениот крст Гостивар.
Кампањата започна летово и со неа до сега беа опфатени граѓани, јавни личности, планинари и друго.
-
Гостиварпред 4 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Македонијапред 3 месеци
Комплетна листа на неработни денови во 2025-та година
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Рецептипред 3 месеци
Крем супа од тиква и морков – топло, вкусно и хранливо