Поврзи се со нас

Вести

Гир: Ако не го смените Уставот преговарачкиот процес ќе запре и ќе се чека решавањето на ова прашање

Објавено

на

Преговорите се отворени и скринингот започна. Одржувањето на наредната меѓувладина конференција зависи од билатералниот договор меѓу двете засегнати земји. Ако не ги направите уставните измени веројатно преговарачкиот процес ќе запре и ќе се чека решавањето на ова прашање, вели евроамбасадорот Дејвид Гир во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
– Со начинот на којшто договорот е направен, преговорите се отворени. Скринингот започна и имавме нешто што е наречено меѓувладина конференција со која започна целиот процес. Кога скринингот ќе биде завршен во оваа фаза, да одите на наредната точка е потребно да има друга меѓувладина конференција, рече Гир.Како што нагласува Гир, одржувањето на таа меѓувладина конференција зависи од овој билатерален договор меѓу двете засегнати земји.
– Секако, тоа е суверена одлука за Северна Македонија да го смени Уставот, иако веќе имате добар учинок во меѓуетничките односи и ова понатаму само ќе го дефинира тоа. Но, што ќе се случи ако не оди напред. Мислам дека најверојатното сценарио ќе биде преговарачкиот процес да запре таму. Ќе го завршите скринингот, но одржувањето на меѓувладината конференција и следните чекори ќе го чекаат решавањето на ова прашање. Не бидејќи трета земја дошла и ставила вето, туку бидејќи оваа земја решила да се повлече од обврската која е направена билатерално со Бугарија, вели Гир.Гир, прашан да го искоментира најавениот референдум, вели дека „за одржување на евентуален референдум јас повторно ќе кажам дека ова е суверена одлука за оваа земја да ја направи затоа нема конкретно да коментирам за тоа“.
– Но, повторно можеби може да се вратиме наназад и да ја видиме големата слика овде. Стратешкиот избор кој оваа земја го направи бројни години е да влезе во ЕУ и процесот сега започна. Зошто е важен. Има бројни јасни причини зошто оваа земја ќе има корист од членството во ЕУ и ЕУ ќе има корист да ве има како дел од семејството. На економска страна, ЕУ е најголемиот единствен пазар во светот и исто така ваш сосед. Ова нуди огромни можности за бизнис, за трговија, за инвестиции, за подобрување на животниот стандард и средствата за живот, за осигурување дека младите луѓе ќе ги развијат неопходните вештини да се натпреваруваат на пазарот на труд во овој поголем единствен пазар. Но, не е само тоа. Има и други многу јасни бенефиции од членството во ЕУ, оценува Гир.Тој наведува дека на ВМРО-ДПМНЕ останува да ја постави својата позиција на овие различна прашања, како што е на сите партии да го направат тоа.– Не сакам да навлегувам и да давам ставови за специфични партии. Ние сме спремни да разговараме со сите партнери кои се посветени на евроинтегративниот пат, рече Гир.На прашањето колку ЕУ ќе биде гарант дека Бугарија нема да ги кочи и блокира преговорите и во случај кога Северна Македонија ќе ги исполнува своите обврски од билатералниот протокол, евроамбасадорот вели дека ЕУ ги разбира идентитетските прашања.
– За време на консултациите и јавната дебата во однос на отворање на преговорите за членство и овој договор имаше многу емоции, многу загрижености за националниот идентитет. Луѓето велеа националниот идентитет ќе биде ставен под сомнеж. Дали ова ќе биде како што некои рекоа бугаризација на земјата преку процесот за членство. Повторно, ние сите така ги слушнавме лидерите на Европскиот совет, претседателот на Европскиот совет, претседателот на Европската комисија. Двајцата клучни играчи во процесот за членство. Тие подвлекоа дека процесот за членство ќе се врши врз основа на европските стандарди и европски принципи и тие отидоа подалеку да кажат дека овие прашања како идентитетските прашања не може да бидат услови или одредници во самиот процес за членство. Претседателката Фон дер Лајен пред Парламентот, за време на дебатата таму, исто така додаде дека интерпретацијата на историјата на пример се примери на нешта кои не треба да бидат вклучени, рече Гир.Според него, билатералните прашања во преговорите за членство биле покренати и порано, во други процеси.
– Словенија, Хрватска. Други земји исто така. Има интерес во ЕУ. Меѓу земјите членки. Во институциите процесот да се гледа низ фокусот на прашањата на кои треба да се фокусира како реформите кои треба да бидат спроведени. Така што мислам дека има многу јасни индиции од ЕУ и од земјите членки дека сакаат овој процес да ги следи европските стандарди и европските принципи. Ние ги разбираме идентитетските прашања. Всушност минатата недела кога бев на меѓувладината конференција, високиот претставник и заменик претседател на ЕК, Борел конкретно кажа дека ги разбираме идентитетските прашања, но не го губите идентитетот за време на процесот. Ниту една земја не го направи тоа. Како што кажав во неколку прилики досега. Мислам видете ги земјите кои станаа членки. Дали Шпанците станаа помалку Шпанци. Дали Естонците кои се од помала земја станаа помалку Естонци. Дали Малтежаните од уште помала земја станаа помалку Малтежани. Не. Јасно дека не и нема причина оваа земја да го става својот идентитет под сомнеж, кажа Гир.Исто така е важно, наведува Гир, бидејќи ме прашавте дали има гаранции и мора да бидеме јасни, нема гаранции. Самиот процес нема 100 процентни гаранции. Самиот процес се состои од серија на моменти кога едногласни одлуки треба да се донесат. Така функционира за сите земји. Ниту една преговарачка рамка не може да гарантира дека други прашања нема да бидат покренати. Доколку бидат покренати ЕУ како што има направено во други процеси за членство ќе се справи со нив, вели Гир.
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Отворени огласи за вработување:

ИСТРАЖУВАЧКА АНКЕТА:

Дали користите PayPal?

Advertisement
Локални избори 2022пред 3 часа

Мевмед Џафери: Неуморно ќе работиме, ќе ја промениме сликата за безидејноста!

Локални избори 2022пред 3 часа

Петровска: Со Медат Куртовски, Маврово и Ростуше ќе продолжи да се развива

Македонијапред 5 часа

УХМР најавува локални поројни врнежи во ноќните часови, времето нестабилно и утре

Македонијапред 5 часа

Мигрант влегол во приколка од гостиварски камион, возачот слушнал звуци па викнал полиција

Гостиварпред 8 часа

Ја нападнал сопругата, завршил во ПС Гостивар

Вестипред 9 часа

Од утре почнува Богородичниот пост

Македонијапред 10 часа

Во Тетово потпишан договорот за фабриката за производство на електрични автомобили e.GO

Македонијапред 11 часа

На Табановце и Пелинце се чека околу два часа

Здравје и убавинапред 13 часа

Што е она што всушност предизвикува мигрена?

Македонијапред 15 часа

Нема мајмунски сипаници во земјава, внимателно се следи состојбата во светски рамки

Вестипред 1 ден

Небесен спектакл – Метеорскиот дожд Персеиди вечерва го достигнува пикот

Гостиварпред 1 ден

Состанок во Гостивар: Да нема инциденти на спортските натпревари

Гостиварпред 1 ден

Контроли на патиштата Гостивар-Тетово-Скопје и Гостивар-Кичево

Што, како, каде?!пред 1 ден

Неверојатни цени само за Вас! – Нов Ултра леток на Ултра Маркети

Гостиварпред 2 недели

„Диви трки” на патот Тетово-Скопје: Учествувале момчиња од Гостивар, Тетово и Скопје

Што, како, каде?!пред 1 недела

Нова акција со СУПЕР НИСКИ ЦЕНИ во Монтенегро Маркети

Гостиварпред 2 недели

Нападната девојка во салон за убавина во Гостивар

Гостиварпред 1 недела

Од денес до недела Галичник филм фестивал

Гостиварпред 2 недели

Трагедија на патот Маврови Анови – Дебар, животот го загубија три лица

Македонијапред 6 дена

Во автобус кој се обраќал на линија Пореч-Гостивар запленето злато вредно над 600 илјади евра

Гостиварпред 2 недели

Жртвите во страотната несреќа на патот Маврово-Дебар на возраст од 35, 42 и 52 години

Гостиварпред 2 недели

Чествување на Илинден во Гостивар во духот на традицијата со народни песни и ора

Гостиварпред 2 недели

Усмртен 52 годишен маж при групна тепачка во Гостивар

Македонијапред 2 недели

Судир на две возила на патот Маврови Анови-Дебар, повеќе лица повредени меѓу кои и малолетник

Локални избори 2022пред 2 недели

Мицкоски во Требиште и Жировница: Да изградиме општина која обезбедува иднина, д-р Мевмет тоа го може

Гостиварпред 4 дена

Гостивар: Лажно се претставувале како службени лица, со намера да и наштетат на верската заедница

Гостиварпред 2 недели

Свеченост по повод празникот Илинден во Гостивар

Гостиварпред 4 недели

Во Галичник ечеа македонски песни во чест на 1 век од раѓањето на Сариевски (Галерија)

Гостиварпред 1 месец

Отворен нов маркет на МОНТЕНЕГРО во Гостивар! Голема акција на дел од понудата

Гостиварпред 2 месеци

Пазар Гостивар: Поевтинети зеленчукот и овошјето, понудата богата и примамлива

Гостиварпред 2 месеци

Весели, разиграни дечиња на приредбата „Збогум градинке“ во Гостивар

Спортпред 3 месеци

Леуново достоен домаќин на првата теренска трка со пречки: Адреналин, забава, невреме, натпреварувачки дух!

Спортпред 3 месеци

МЗТ Скопје без проблеми во празната Младост против Гостивар 72-85

Спортпред 3 месеци

Пелистер славеше во празна сала со само „пет на пет“ против КК Гостивар

Вестипред 3 месеци

Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер

Спортпред 3 месеци

КК Гостивар го „стопи“ и Еуроникел 78-70

Гостиварпред 3 месеци

Концерт на гимназијата во Гостивар за успех на матурантите и добредојде на полуматурантите

Гостиварпред 4 месеци

Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!

Културапред 4 месеци

Успешен концерт во Гостивар на друштвото „Браќа Ѓиноски“ во чест на Велигден

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена