Поврзи се со нас

Македонија

Голем интерес за поставување фотоволтаици кај домаќинствата и компаниите, вели Бектеши

Објавено

на

Има голем интерес за поставување фотонапонски панели од страна на домаќинствата и малите потрошувачи, посебно сега откако беше објавен новиот изменет Правилник за обновливи извори на енергија, кажа министерот за економија Крешник Бектеши во гостување во „Утрински брифинг“.

-До 2019 година имавме многу стар закон за енергетика кој ги немаше инкорпорирано обновливите извори на енергија, од тие причини и се менуваше, а со тоа и Правилникот за обновливи извори според кој сега секое домаќинство ќе може да монтира фотоволтаици. За да се монтираат фотоволтаици потребно е домаќинството да го смени мерачот со таков кој има влез и излез на електрична енергија. Така вишокот на енергија домаќинствата можат со операторот да вршат размена и потоа произведената струја да се компензира или да се наплати. Ако беше дозволено четири киловати сега со новиот Правилник е дозволено производство на шест киловати. Така едно домаќинство ако искористи само два киловати вишокот на енергија од 4 киловати може да ја предаде на ЕВН кој е Универзален снабдувач. Така домаќинствата можат да вршат размена и потоа произведената струја да се компензира или да се наплати, кажа министерот Бектеши.

Министерот информираше дека има приватни компании кои инсталираат вакви панели, а за да се монтираат треба потврда од надзор според Законот за градење, кој во наредниот период ќе претрпи измени со цел да се поедностават процедурите за да се стимулира зелената енергија.

-Од 1 јули ќе има нов тарифник за наплата на електричната енергија, кој ќе биде скалест, па оттука во која тарифа ќе се испорача струја од домаќинството до снабдувачот, снабдувачот во истиот период ќе има обврска по иста цена да ја пресметува електричната енергија што ја испорачува до тоа домаќинство. Нашите проценки се дека до крајот на годината ќе имаме 150-170 киловат часови инсталирана моќност од ваква инвестиција од домаќинствата и компаниите, кажа министерот Бектеши за „Утрински брифинг“.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена