Гостивар
Голема контрола на СВР Тетово за брзо возење со над 90 казни и одземени возачки

Секторот за внатрешни работи Тетово, вчера (20-ти јули) од 12 до 18 часот спроведе акциска контрола за санкционирање на возачите кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната.
При контролата биле откриени и санкционирани вкупно 70 пречекорувања на максимално дозволената брзина надвор од населено место (Тетово-58 и Гостивар-12). Пет од пречекорувањата биле за повеќе од 70 километри на час над дозволеното, а 26 биле за 50 до 70 километри на час. Покрај ова, санкционирани се и 22 прекршоци за движење на возила со поголема брзина од пропишаната во населено место.
На возачите-прекршители изготвени им се поднесоци по Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и тие ќе се соочат со парични глоби кои, зависно од големината на пречекорувањето, се движат од 45 до 400 евра во денарска противвредност.
Оние кои биле значително пребрзи ги очекува и мерка времено одземање на нивните возачки дозволи од три месеци до една година.
-
Македонијапред 2 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 2 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Отворена нова современа Авто школа во Гостивар „ДЕЛТА“: Да го подигнеме нивото на работа во обука на возачи!