Поврзи се со нас

Спорт

Голема победа на Хамилтон во Силверстон

Објавено

на

Седумкратниот светски првак во Формула 1, Британецот Луис Хамилтон (Мерцедес), триумфираше денеска во трката за Големата награда на Велика Британија и покрај казната од 10 секунди поради инцидентот со Макс Верстапен (Ред Бул).

Трката почна со инцидент, откако Хамилтон веќе во првиот круг се судри со Верстапен во обид да го мине на патеката од надворешната страна возачот на Ред Бул, кој стартуваше од пол-позицијата.

Верстапен со голема брзина удри во заштитната ограда, по што беше пренесен во болница, а неговиот болид беше целосно уништен.

И покрај казната од 10 секунди, Хамилтон со фантастично возење ја презеде водечката позиција од Шарл Леклерк (Ферари) во 50. круг и мина прв низ целта на патеката во Силверстон за 99 победа во кариерата.

Третото место го освои Валтери Ботас (Мерцедес), додека возачите на Мекларен, Ландо Норис и Даниел Рикардо, го освоија четвртото и петтото место.

Британецот Хамилтон сега има осум победи во кариерата во Силверстон, откако претходно на домашната патека триумфираше и во 2008, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019 и 2020 година.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена