Вести
Големи инциденти во Тирана помеѓу навивачите на Феенорд и Рома пред финалето на Конференциската лига

Навивачи на Феенорд и Рома се судрија со полицијата во Тирана, каде вечер ќе се одржи финалето на Конференциската лига.
Локалните медиуми јавуваат за неколку акти на насилство што се случиле на најмалку три места низ градот. Службениците за спроведување на законот мораа да употребат солзавец. Има десетина повредени полицајци, додека осум навивачи на Феенорд се уапсени затоа што удриле Албанец со стол додека тој ги провоцирал со јавна поддршка за Рома. Албанскиот жител морал да биде пренесен во болница.
Исто така, околу 200 навивачи на холандскиот тим се судрија со полицијата обидувајќи се да стигнат до местото каде што се наоѓаат навивачите на Рома.
За возврат, навивачите на италијанскиот клуб исто така ги нападнале полицајците со шипки и камења. Оштетен е полицискиот автобус. Според полицијата, уапсени се вкупно 60 навивачи на двата тима.
Финалето на Конференциската лига на УЕФА меѓу Рома и Феенорд ќе се одигра вечер со почеток во 21 часот.
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Гостиварпред 1 месец
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022