Гостивар
Гори отпад на депонијата Русино кај Гостивар
Утрово, граѓани пријавиле пожар на депонијата Русино кај Гостивар, од каде забележале ширење на чад и непријатна миризба.
Според информациите од гостиварското јавно претпријатие „Комуналец“ на депонијата има запален отпад, но гаснењето за сега е оневозможено поради асфалтирање на патот што води до Русино. „Противпожарната единица е известена и ќе можат да интервенираат по 16 часот, кога ќе се завршат работите на патот, за да може да поминат возилата. Инаку, не се работи за голема површина, а комунални екипи веќе фрлаат земја врз огнот за да го контролираат“, велат од Комуналец.
Екстремно високите температури носат голем ризик од зачестена појава на пожари на отворено. Секторот за внатрешни работи Тетово, апелира на крајна внимателност, да не се фрлаат цигари и догорчиња, да не се пали оган и скари на отворен простор и во шума, да не се палат стрништа и меѓи.
Пожар вчера бил регистриран и во близина на објектот на детското одморалиште Бунец. Огнот најверојатно избувнал од невнимание и несовсно однесување на излетници.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар