Гостивар
Гостијарци за незаборав – Нова книга на професорот Милош Смиљаноски

Професорот по македонски јазик во пензија од Гостивар, Милош Смиљаноски објави нова книга раскази под наслов „Гостијарци за незаборав“. Книгата е всушност втор дел, продолжение, од збирката „Гостијарци“, што беше издадена во 2014-та година. Низ страниците се раскажуваат вистинити приказни за животни стории на гостиварци од различни професии, националности и историско доба на градот.
Книгата е посветена на гостиварските академици Харалампие и Момир Поленаковиќ.
„Посветата влече корени од моето семејно минато, кога меѓу моето семејство и семејството Поленаковиќ се создала нераскинлива врска. Гостивар инаку, дал многу академици, па едно време кружеше, како на шега „МАНУ треба да се вика ГАНУ-Гостиварска академија на науки и уметности“. Во двете мои книги со раскази има интересни животни приказни за луѓе кои се дел од гостиварското минато, можеби и некој гостиварец ќе се пронајде во некоја од нив“, вели Смиљаноски.
Во предговорот на „Гостијарци за незаборав“ пишува: „Милош Смиљаноски на еден суптилен, би рекле мајсторски начин, успешно го заокружува својот опус Гостијарци. Оваа, елегична балада со примеси на трагични случувања во долгата историја на градот, е гордост, поука и порака за генерациите кои живеат и негуваат некој друг живот, со сосема поинакви вредности. Неговата порака е да се помне минатото, да се почитува сегашноста и да се градат нови односи за иднината која ќе ги направи посреќни и духовно исполнети. Веруваме и убедени сме дека господинот Смиљаноски, кој и самиот е легенда на градот и неговото Македонско Варош Маало, нема да застане тука и дека сета своја енергија ќе ја внесе во откривањето и изнесувањето на многу други подзаборавени пикантерии кои го сочинуваат животот во целина.“
Милош Смиљаноски наскоро ќе полни 80 години. Просветната кариера ја започнал во ОУ „Моша Пијаде“ (денешно „Исмаил Ќемали“), ја продолжил во ОУ „Гоце Делчев“, а потоа станал регионален советник по македонски јазик во Министерството за образование.
Збирката раскази „Гостијарци за незаборав“ може да се најде во книжарниците на Култура во Гостивар.
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Гостиварпред 1 месец
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022