Поврзи се со нас

Гостивар

Гостивар доби нова детска градинка – „Сонце“ има капацитет за 70-тина дечиња

Објавено

на

Ќе се скратат листите на чекање за прием во детските градинки во Гостивар. Денес официјално беше пуштена во употреба новата градинка во Долна Бањица. Предвидени се паралелки на турски, албански и македонски јазик, а објектот е со капацитет од 70-тина деца.

Симболичната црвена лента на отворањето ја пресекоа министерката за труд и социјала Јагода Шахпаска и градоначалникот Арбен Таравари.

„Голема чест ми е што заедно со градоначалникот присуствуваме на отворањето на новата градинка во Гостивар. Огромно е задоволството, затоа што при отворањето на вакви објекти овозможуваме сместување на најмладите, на децата од претшколска возраст во организирани воспитно-сместувачки објекти коишто ќе овозможат градење на здрави, психо-емотивно способни капацитетни личности кои во текот на образованиот процес понатаму, ќе влезат подготвени“, нагласи Шахпаска.

Градоначалникот Таравари рече дека новите градинки во Гостивар се отвораат благодарение на добрата соработа со Министерството за труд и социјала.

„Да бидам искрен до крај, ние како опозициска општина единствено имаме добра соработка со Министерството за труд и социјална политика, со претходната министерка Мила Царовска, а се надеваме дека така ќе продолжиме и со новата министерка.“, изјави градоначалникот.

Министерката Шахпаска од Гостивар испрати порака дека доколку се почитуваат доследно протоколите, како од страна на вработените, така и од родителите, градинките ќе останат безбедни и заштитени од ковид зараза.

Новата градинка е сместена во објект на поранешното основно училиште во Долна Бањица. За адаптација, реконструкција и опремување биле потрошени околу 110 илјади евра, пари од министерството и општината.

Во градинката ќе почне да се згрижуваат деца од следниот месец, откако ќе се завршат сите административни процедури.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена